Со грузиска техничка помош земјава ќе добие најсовремен и автоматизиран противградобиен систем, најави ресорниот министер Николовски.
-
Македонија 18.04.2018 16:09
-
Македонија 18.04.2018 15:42
Мобилна дијагностика на вирусен хепатит и болести на црниот дроб
Промовирани највисоките научни достигнувања од областа на мобилната дијагностика на вирусниот хепатит и другите болести кај црниот дроб. Мобилниот Инфо- хеп центар е опремен со најсофистицирана опрема која ја заменува биопсијата на црниот дроб и тестетињето преку крвта.
-
Македонија 18.04.2018 15:30
Јовановска: Нема смртност на доносени деца, туку на предвремено родени
Клиниката за гинекологија ќе побара смртноста на предвреме родените бебиња при евиденцијата да се заведува од 25-та гестациска недела, по примерот на дел од соседните земји. Оттаму објаснуваат дека е потребно да се разбие стравот кај младите мајки дека на оваа клиника умираат бебиња.
-
Македонија 18.04.2018 15:10
Системот за следење на комуникациите позитивно оценет во извештајот на ЕК
Системот за следење на комуникациите и на безбедносните служби позитивно оценет во извештајот на Европската комисија за Македонија. Министерот Спасовски вели дека полицијата почнува реформи и во јавната безбедност. Усвоена е и стратегија за развој на полицијата.
-
Македонија 18.04.2018 14:55
Николоски: Извештајот школски може да се оцени со двојка
Извештајот школски може да се оцени со двојка, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Не постои област во која што е постигнат чист напредок. Забелешки има за јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и за организираниот криминал, изјави потпретседателот на партијата, Николоски.
-
Македонија 18.04.2018 14:50
Метео: Утре променливо облачно, за викендот стабилно време
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време, на места со појава на повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови од земјата.
Ќе дува умерен ветер од северен правец. Највисоката дневна температура на воздухот ќе достигне до 26 степени.
-
Македонија 18.04.2018 14:23
Џафери: Добар почеток за враќање на европската агенда
Ова е добар почеток за враќање на европската агенда.
-
Македонија 18.04.2018 13:21
Спасовски: Приведен Фејзи Азири, се трага по Демири и Исмаиловиќ
Случајот со апсењето на Фејзи Азири, еден од обвинетите во „Монструм“ е целосно расчистен и тоа воопшто не е задоцнето, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-
Македонија 18.04.2018 13:08
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше за шест месеци влез во ЕУ и НАТО
СДСМ ветуваше дека за шест месеци ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО, а за 11 месеци не однесе на дното на листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 18.04.2018 12:53
Преговорите ќе траат долго, кандидатите ќе се оценуваат по сопствените заслуги
Ден по објавувањето на извештаиите за напредокот на државите кандидатки, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ја појаснува ситуацијата.










