Претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, во Кривичниот суд ќе сведочат за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27-ми април.
-
Македонија 10.04.2018 10:24
-
Македонија 10.04.2018 10:20
Договарање на новото производство на тутун
До денеска треба да бидат склучени договорите на тутунопроизводителите со монополите.
-
Македонија 10.04.2018 09:46
Утре на пленарка интерпелацијата за Владата
Интерпелација, реконструкција, гласање за реформски закони, извештај за напредокот на земјава во Европската унија. Домашната политичка сцена пред промени по Велигденските празници. Собранието го објави документот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за гласање на доверба на Владата.
-
Македонија 10.04.2018 07:52
Сончево со температура до 26 степени
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната од 16 до 26 степени.
Во Скопје слично време, со темепратура до 24 степени.
-
Македонија 10.04.2018 07:50
Рочишта за „Тенк“ и „Труст“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО, „Труст“ и „Тенк“. На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението и да се презентираат и другите материјални докази.
-
Македонија 10.04.2018 07:44
Реформските закони пред пратениците
Четири работни дена за завршување на процедурата за носење на реформските закони имаат пратениците пред новиот Извештај за напредокот на земјата што ќе биде објавен следниот вторник, на 17 април.
-
Македонија 10.04.2018 07:39
Седници на повеќе собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, образование и наука, за европски прашања, за здравство, за прашања на избори и именувања и за одбрана и безбедност.
-
Македонија 05.04.2018 16:21
Распродадени Велигденските аранжмани
Велигденските празници ги распродадоа туристичките аранжмани. Дубаи, Париз, Виена, меѓу најбарани дестинации, од соседството Грција и Бугарија. Голем е интересот за Банско.
-
Македонија 05.04.2018 16:11
Заев: Има придвижување за прашањето за името
Премиерот Заев верува дека ќе се најде решение за името кое ќе ги сочува достоинството и идентитетот на двете земји. Потврди дека министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас идната недела ќе се сретнат во Охрид.
-
Македонија 05.04.2018 15:50
Шест години затвор за Бобан Илиќ, таткото на Алмир доби шест месеци
Шест години затвор за Бобан Илиќ кој со автомобил го усмрти малиот Алмир Алиу. Шест месеци доби таткото на Алмир, а по девет месеци заработија уште двајца кои според судијката придонеле да дојде до трагичните последици.










