Реформските измени и дополнувања на Законот за судовите, на пленарка во Собранието. За нив има поддршка и од владејачкото мнозинство и од опозицијата.
-
Македонија 12.04.2018 11:26
-
Македонија 12.04.2018 11:00
Рочиште за случајот „Поткуп“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Поткуп“, во кој првообвинет е Зоран Заев за побарано мито за легализација на градежно земјиште како поранешен градоначалник на Струмица.
-
Македонија 12.04.2018 10:42
Продолжува судењето за случајот „Титаник“
Во новата зграда на скопска единица рочиште за предметот „Титаник“- најобемниот на Специјалното јавно обвинителство. Првообвинет е експремиерот Груевски, а за кривичното дело злоупотреба на изборен процес се товарат уште 20 лица.
-
Македонија 12.04.2018 10:23
Земјоделските задруги бараат поволни услови
Зголемувањето на пазарната конкурентност и на соработката меѓу земјоделците во Македонија, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги ќе се поддржува со 2 милиона евра од Европската унија.
-
Македонија 12.04.2018 10:22
Средба Димитров- Коѕијас во Охрид
Во Охрид нова, за неполн месец трета по ред средба на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Димитров и Коѕијас. И Македонија и Грција очекуваат решение. Атина инсистира на име за севкупна употреба и промена на Уставот, а македонската Влада- решението да не задира во идентитетот.
-
Македонија 12.04.2018 08:33
Пленарни седници за гласање на реформските закони
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се гласаат закони од реформскиот пакет 3-6-9 на Владата, кои, според најавите се усогласени со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде најавија дека ќе ги поддржат.
-
Македонија 12.04.2018 08:30
Нова преговарачка рунда меѓу Димитров и Коѕијас во Охрид
Шефот на македонската дипломатија Димитров и неговиот грчки колега Коѕијас денеска во Охрид ќе имаат средба како дел од најновата рунда преговори за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.
-
Македонија 11.04.2018 23:50
Собранието изгласа доверба на Владата
Владата на Република Македонија вечерва ја доби довербата од пратениците. Четириесет гласови „за“ недоверба на Владата беа од опозицијата, 62 пратеника од владејачкото мнозинство гласаа „против“ недоверба, а воздржани беа двајца пратеници - од БЕСА и од Алијанса за Албанците.
-
Македонија 11.04.2018 16:57
Судот го одби барањето на одбраната за целосно читање на содржината на доказите во случајот „Тенк“
Ново судско рочиште за „Тенк“. Одбраната побара на записник да се внесе целата содржина од сите писмени докази на обвинителството, а не само насловите на списите.
-
Македонија 11.04.2018 16:42
Иванов: Потребно ни е образование кое ќе создава луѓе за третиот милениум
„Сакаме да бидеме дел од новите проекти за развој на човековиот капитал. Преку интернетот и современите технологии, знаењето од целиот свет ни е на дофат.










