Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд поинтензивни во северните и централните делови.
-
Македонија 05.04.2018 15:25
-
Македонија 05.04.2018 15:04
Заев: До крајот на април ќе заврши реконструкцијата на Владата
Разговараме со политичките партии за реконструкција на Владата, истакна премиерот Зоран Заев во Штип. Тој рече дека се забрзува процесот за пополнување и на испразнетото место во Министерството за правда.
-
Македонија 05.04.2018 14:50
Случај „ТНТ“: Одбраната бара изземање на судечкиот совет
Ново продолжение на судскиот процес за случајот на СЈО- „ТНТ“, за уривањето на комплексот „Космос“. Одбраната бара изземање на целиот судечки совет.
-
Македонија 05.04.2018 14:46
Почнуваат Велигденските празнувања
Вапцани се велигденските јајца, на Велики Четврток, пред изгрејсонце. Првите сончеви зраци да ги помилуваат, да ја истакнат симболиката. Посебно на првите три вапцани црвени јајца.
-
Македонија 05.04.2018 14:32
Јавна дебата за Предлог- законот за високо образование
Академската заедница, професори, студенти на јавна дебата во Собранието со забелешки на новиот Предлог- закон за високо образование. Дадоа насоки како до подобар текст за поквалитетно образование.
-
Македонија 05.04.2018 14:18
Постигнат договор, сметката на Клиниката за гинекологија ќе биде одблокирана
Постигнат е договор. Сметката на Клиниката за гинекологија ќе биде одблокирана со аванс од Фондот за здравство. Министерот за здравство информираше дека се префрлаат пари во износ на сумата за којашто е блокираната сметка.
-
Македонија 05.04.2018 13:53
Средба Коѕијас- Кумуцакос за разговорите за името
Безмалку два и пол часа траела средбата на шефот на грчката дипломатија со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Кумуцакос. Средбата била затворена за медиумите, без дополнителни информации.
-
Македонија 05.04.2018 12:49
Спасовски: Балканската мигрантска рута сѐ уште е жива
Мигранти сѐ уште илегално влегуваат во Македонија, иако одамна е затворена Балканската рута кон Европа, соопшти министерот за внатрешни работи. Спасовски посочи дека поради затворената рута, се зголемил бројот на криумчари на мигранти низ Македонија.
-
Македонија 05.04.2018 12:37
Филипче: Сметката на Клиниката за гинекологија ќе биде одблокирана со аванс од ФЗОМ
Сметката на Клиниката за гинекологија ќе биде одблокирана со пари што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс- информираше министерот за здравство Филипче.
-
Македонија 05.04.2018 10:58
Почнуваат Велигденските празнувања
Со три црвени, вапсани јајца, едното за Господ, едното за куќата, и едното за плодност, православните верници рано изутрината ги почнаа подготовките за Велигденските празници. Првото црвено велигденско јајце, според традицијата е симбол за здраво поколение.










