Родителите на секое новородено дете во Скопје од сега ќе можат да засадат дрво, на кое ќе има плочка со името на детето и датумот на раѓање. Од Град Скопје велат дека со оваа акција ќе придонесе за зголемувањето на зеленилото.
-
Македонија 02.04.2018 12:29
-
Македонија 02.04.2018 12:15
ФЕИТ и М- НАВ потпишаа Меморандум за соработка
Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе соработува со воздупловната навигација М-НАВ за доедукација на кадри за потребите на воздухопловната индустрија.
-
Македонија 02.04.2018 12:06
Охридското Езеро три сантиметри над критичната кота
Врнежите од дожд во текот на викендот и јужниот ветар што предизвика топење на снегот придонесоа нивото на водата во Охридското Езеро да достигне 694,03 метри надморска височина, што е три сантиметри над критичната кота од 694 метри.
-
Македонија 02.04.2018 11:58
Нема лидерска, Димитров на одделни средби ќе информира за името
Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името.
-
Македонија 02.04.2018 11:03
Понеделник, втор ден Велигден неработен за сите граѓани
Понеделник, 9-ти април, вториот ден на Велигден според Православниот календар, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 02.04.2018 10:20
Ден на Првата механизирана пешадиска бригада
Првата механизирана пешадиска бригада ќе го одбележи својот ден во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Оваа единица на АРМ е препознатлива по стекнатото борбено искуство и учеството во мировните мисии со постигнати високи резултати заедно со НАТО.
-
Македонија 02.04.2018 10:17
Нашинците во Бугарија против промена на името
Нашинците и здруженијата во Бугарија се против промена на уставното име и се приклучуваат на кампањата на дијаспората под наслов „Нашето име е Македонија“.
-
Македонија 02.04.2018 10:12
Денеска лидерска средба за името?!
Најавена е лидерска средба што би требало да се одржи во Клубот на пратениците во Скопје на која ќе се разговара за последниот состанок на Димитров со Коѕијас и Нимиц во Виена.
На средбата се поканети државниот врв и лидерите на клучните партии во земјава.
-
Македонија 02.04.2018 10:08
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието, изјави вчеравечер лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
-
Македонија 02.04.2018 09:57
Се укинуваат бандеролите за семенскиот материјал
Се предлага укинување на контролните маркички, или така наречени бандероли за семињата и за посадочниот материјал од увоз.









