Москва ќе возврати соодветно на одлуката на македонските власти за протерување на дипломат од земјава. Русија е постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации- изјави рускиот амбасадор во земјава Олег Шчербак на прес- конференцијата за потезите на владата по случајот „Скрипал“.
-
Македонија 29.03.2018 12:45
-
Македонија 29.03.2018 12:31
Џафери: Се анализираат неколку опции за Законот за употреба на јазиците да профункционира
Нема да се потпишам во нечие друго име на Законот за јазиците за тој да профунционира. Спикерот на Собранието, Талат Џафери вели дека не се оптоварува временски кога Законот ќе профунционира, бидејќи немало потреба од дополнителни тензии.
-
Македонија 29.03.2018 12:21
Мисајловски: СДСМ потврдува дека нивните претходници воделе одлични политики
Со набројувањето на инфраструктурните проекти коишто ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ потврдува дека нивните претходници воделе одлични политики, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Констатираат дека сегашното раководство ги закочило проектите, а градежништвото бележи пад од околу 20%.
-
Македонија 29.03.2018 11:25
МОН: Во училиштето „Владо Тасевски“ нема зараза
Министерството за образование демантира дека во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош има зараза, откако едно дете доби шуга. Од МОН велат дека се работи за изолиран случај за кој родителот пријавил минатиот четврток.
-
Македонија 29.03.2018 11:19
Зголемени водостоите на реките
Двојно зголемени во однос на денешниот просек за март се нивоата на Вардар кај Зајчев Рид, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун.
Покачување има и кај останатите реки, но не толку драстично.
Нагорно отстапување бележат и Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.
-
Македонија 29.03.2018 10:43
Седница за пратенички прашања
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 39-тата седница на која на дневен ред се пратеничките прашања.
Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот кога заседава Парламентот.
-
Македонија 29.03.2018 10:26
Нови стандарди во живинарските фарми
На први октомври идната година, производителите на јајца, несилките треба да одгледуваат според европските правила за благосостојба на живината.
-
Македонија 29.03.2018 10:22
Утре во Виена, Димитров и Коѕијас на средба со Нимиц
Утре во главниот град на Aвстрија се одржува средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со посредникот на Обединетите нации за разликата на името, Метју Нимиц.
-
Македонија 29.03.2018 09:49
Рочишта за „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“ во Кривичен суд
Рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство- „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“, се закажани за денеска во Кривичниот суд.
-
Македонија 29.03.2018 09:37
Свлечиште на патот Гостивар- Кичево кај Тајмиште
На магистралниот пат Гостивар-Кичево по планинскиот премин Стража кај селото Тајмиште има свлечиште поради што сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента, само за лесни возила.










