Има подобрување, но медиумите сѐ уште се соочуваат со обиди за замолчување, смета претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
-
Македонија 26.03.2018 16:42
-
Македонија 26.03.2018 15:28
Светски ден на лицата со епилепсија
Паце Кавкалеска цел живот се бори со епилепсијата. Но, и со сознанието дека мора прво да ги набави лековите. Живее од социјална помош од 2.800 денари. Лековите иако се на позитивна листа, квотата им е мала.
-
Македонија 26.03.2018 14:48
Метео: Променливо облачно со повремени локални врежи од дожд
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени локални врежи од дожд и од снег на планините.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер поизразен долж Повардарието. Во Скопје температурата ќе достигне до 12, а највисоката дневна до 16 степени.
-
Македонија 26.03.2018 14:34
Стоматолозите на средба со министерот Филипче и со директорот на ФЗОМ Дончев
Стоматолозите- специјалисти кои немаат склучено договор со Фондот, бараат здравствените услуги да ги извршуваат на државна сметка, за да бидат конкурентни на пазарот.
-
Македонија 26.03.2018 13:40
Интензивирање на безбедносната соработка со Катар
Македонија и Катар договорија соработка во областа на безбедноста.
-
Македонија 26.03.2018 13:28
Почина музичарот Симеон Иванов- Канго
По тешко боледување на 67- годишна возраст претпладнето во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов - Канго.
-
Македонија 26.03.2018 12:46
Почнуваат разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ги почнува разговорите со другите политички партии за зголемување на парламентарното мнозинство. Неодамна изјави дека е отворен за дијалог со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 26.03.2018 12:43
Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ со протест пред фабриката
Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ не се откажува од протест и штрајк. Од раководството ја добиле одлуката дека им е забранет влезот во фабриката поради суспензиите на синдикалните членови што тие не ги признаваат. Очекуваат смена на актуелното раководство.
-
Македонија 26.03.2018 12:37
Снимката за „Поткуп“ засега нема да се гледа во судница
Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Поткуп“. Снимката обезбедена со посебните истражни мерки, која како доказ се користи во случајот, иако најавено, нема да се гледа во судница.
-
Македонија 26.03.2018 12:14
ВМРО-ДПМНЕ: Единствена цел на СДСМ е да остане на власт
Единствена цел на СДСМ не е просперитетот на државата и заштитата на националните интереси, туку, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, оваа лепена коалиција да остане на власт.










