За 24 месеци ќе има нов мост во должина од 120 метри на булеварот „АСНОМ“, кај хотелот „Русија“.
-
Македонија 23.03.2018 14:27
-
Македонија 23.03.2018 14:09
Природните науки и математиката во образовна криза
Природните науки и математиката се наоѓаат во образовна криза, бројот на студенти од година на година е сѐ помал. Младите речиси и да немаат интерес за областите. Ова е заклучокот од Конференцијата посветена на природните науки и математиката.
-
Македонија 23.03.2018 12:55
ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција
Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција, а детали добива преку странските медиуми, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 23.03.2018 12:45
Димитров- Коѕијас: Решение за името кое нема никого да понижи и ќе ги отвори вратите на иднината
Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас е во официјална посета на Република Македонија. Претпладнево имаше едночасовна средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
-
Македонија 23.03.2018 11:01
Одложено судењето за случајот „Тортура“
Судењето за предметот на СЈО „Тортура“ е одложено за 7-ми мај бидејќи на денешното рочиште не дојде поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет. Во Судот, како што беше кажано, не е добиен доказ за уредна достава на покана за Мијаков за денешното рочиште.
-
Македонија 23.03.2018 10:57
Иванов останува на ставот за Законот за јазиците
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов останува на веќе изнесениот став за Законот за употреба на јазиците и за потпишувањето на указот за негово прогласување, велат од Кабинетот на шефот на државата за МИА.
-
Македонија 23.03.2018 10:54
Нивото на Охридско Езеро 14 сантиметри над дозволеното
Нивото на природните езера денеска бележат зголемување во однос на вчера и во однос на просекот за март. Нивото на Охридско Езеро е 14 сантиметри над дозволениот максимален водостој и изнесува 693.89.
-
Македонија 23.03.2018 10:39
Коѕијас и Димитров ги почнаа разговорите за името
Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас е во официјална посета на Република Македонија. Изутрината пред македонското МНР го пречека неговиот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
-
Македонија 23.03.2018 10:36
Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
Забраната за движење на товарни моторни возила на планинскиот превој Стража е укината денеска во 9:55 часот.
Забраната, како што информираат од АМСМ, беше воведена вчера во 18:10 часот.
-
Македонија 23.03.2018 09:31
Рочишта за „Тортура“ и „Триста“ во Кривичен суд
Во кривичниот суд се најавени нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“ и „Триста“.










