Итно да престанат разговорите со Грција, Македонија да влезе во меѓународните институции под уставно име- побараа членовите од неколку граѓански здруженија, кои се обединија под името „Народен фронт за спас на Македонија“.
-
Македонија 22.03.2018 14:40
-
Македонија 22.03.2018 14:19
Закерберг: Откривме профили за лажни вести од Македонија
Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Закерберг во интервју за СИ-ЕН-ЕН изјави дека во 2017-та година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, компанијата употребила нови алатки со цел да се откријат лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести.
-
Македонија 22.03.2018 14:13
Ќе се решава проблемот на граѓаните без лични документи
Ќе се решава проблемот на граѓаните кои живеет во земјава без лични документи – најави Министерството за труд и социјална политика. Се проценува дека овој проблем го имаат околу три илјади луѓе.
-
Македонија 22.03.2018 13:40
Стабилна здравствената состојба на повредените војници
Двајца припадници на Армијата од Тетовската касарна изутрината биле донесени во болницата во Тетово со прострелни рани. Поради сериозноста на повредите, војниците се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Нивната состојба е стабилна и се надвор од животна опасност.
-
Македонија 22.03.2018 13:28
СДСМ: Транспарентност во трошењето на државните пари
За прв пат во политичката историја на Република Македонија, Владата предводена од СДСМ, самоиницијативно и на натранпсарентен начин ги става на увид и под лупа на јавноста трошоците на функционерите, велат од СДСМ.
-
Македонија 22.03.2018 13:27
ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за непочитување на одлуката на Иванов
Објавувањето на Законот за употреба на јазиците во „Службен весник“ ќе биде кривично дело. Секој обид да се прегази институцијата Претседател повлекува одговорност за сторителите, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
-
Македонија 22.03.2018 13:21
Груби: Пописот не пропадна, беше прекинат
Одлуката да нема попис беше донесена од пратениците кои ја имаат добиено довербата од гласачите, вели Аратан Груби од ДУИ.
-
Македонија 22.03.2018 12:53
Македонија под влијание на зимскиот циклон „Димитар“, затоплување од недела
На вториот ден од пролетта, Македонија се разбуди под снежна покривка. Долгонајавуваниот циклон „Димитар“ донесе зимски температури. Најмногу снег има во северозападните делови на земјава. Синоптичарите најавуваат поинтензивни врнежи од снег, особено во скопската котлина.
-
Македонија 22.03.2018 12:44
Коѕијас попладнево доаѓа во Македонија, утре на средби со државниот врв
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас приквечер треба да слета на Меѓународниот аеродром Скопје во официјална посета на Македонија, каде што се најавени средби со државниот врв. Посетата доаѓа во време на размена на нацрт-спогодби од двете земји.
-
Македонија 22.03.2018 11:37
Двајца војници ранети во тетовската касарна
Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна утринава се донесени во болницата во Тетово со прострелни рани, пренесува МИА.
Поради сериозноста на повредите и по првичната интервенција двајцата повредени војници се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.










