Основното јавно обвинителство Скопје постапува за расветлување на настанот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животот го загубија двајца македонски планинари.
-
Македонија 21.02.2018 10:28
-
Македонија 21.02.2018 08:40
Средба Заев- Меркел во Берлин
Премиерот Зоран Заев денеска е во официјална посета на Германија, каде што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел. Предвидено е, за време на посетата, македонскиот премиер во Берлин да оствари средба и со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер.
-
Македонија 20.02.2018 17:14
Мисовски, Ременски и Мемеди избрани за потпретседатели на Собранието
Пратениците Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски и Весел Мемеди денеска се избрани за потпретседатели на Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 20.02.2018 16:59
Иванов во Анкара: Покана за членство во НАТО- дополнителен поттик за реформските процеси
Со високи државни и воени почести, претседателот Ѓорге Иванов беше пречекан од својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, во претседателската палата во Анакра. Се уште трае средбата на двајцата претседатели, во чиј фокус се актуелните политички случувања во двете земји.
-
Македонија 20.02.2018 16:16
Метео: Продолжува врнежливото време
Продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, снег на планините и на некои повисоки места.
Повеќе врнежи се очекуваат утре попладне и во ноќните часови особено во западните делови од Македонија.
-
Македонија 20.02.2018 15:59
Висока стапка на смртност: Од 120 новороденчиња, едно умира
Од 120 родени бебиња во Македонија, едно умира. Земјава на 105-то место по смртност на новороденчиња од 184 земји во светот, втора од дното во Европа, покажува најновиот извештај на УНИЦЕФ.
-
Македонија 20.02.2018 15:49
Малолетничка бременост во „25 Мај“, Обвинителството го истражува случајот
Нови два случаи на бремени малолетни девојчиња во Домот за деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“. Едното има 15 години, другото 17. Министерството за труд и социјална политика тврди дека не станува збор за злоставување.
-
Македонија 20.02.2018 15:38
Навремената интервенција го спасила Села од сигурна смрт
Навремената интервенција на лекарите го спасила Зијадин Села од сигурна смрт – тврдат вештаците од Институтот за Судска медицина.
-
Македонија 20.02.2018 15:31
Работа на Собранието на раб на кворум
Собраниското мнозинство работи по налог на извршната власт, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја коментираше одлуката, неговиот предлог за објавување јавен оглас за нови членови на ДИК наместо втора да биде 18-та точка на пленарката.
-
Македонија 20.02.2018 14:16
Иванов на средби со турскиот државен врв
Официјалната посета на Република Турција, шефот на македонската држава Ѓорге Иванов ја почна во мавзолејот со положување венец на гробот на таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк.










