Премиерот Зоран Заев претпладнево ја почна еднодневната официјална посета на Косово, со средба со својот косовски колега Рамуш Харадинај. Претходно, македонскиот премиер беше пречекан со државни почести пред косовската Влада.
-
Македонија 12.12.2017 10:29
-
Македонија 12.12.2017 10:29
Продолжува обесштетувањето на сточарите за „јазлеста кожа“
Почна обесштетувањето на сточарите чиј добиток минатата година угина од „јазлеста кожа“. Ова е овозможено со измените на Законот за земјоделство и рурален развој, а опфатени ќе бидат вкупно 241 сточар, за што се обезбедени 15 милиони денари.
-
Македонија 12.12.2017 08:30
Премиерот Заев во прва официјална посета на Косово
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово.
-
Македонија 11.12.2017 17:10
Во прекин железничкиот товарен сообраќај
Товарниот железнички сообраќај е во целосен прекин, патничкиот ќе се одвива до крајот на денот- информира МЖ Транспорт. Оттаму велат дека група вработени од машинскиот и од извршниот персонал решиле да штрајкуваат.
-
Македонија 11.12.2017 16:25
Повеќе еколошки здруженија побараа да се зголеми буџетот за животна средина
Еколошките здруженијата во земјава побараа да се зголеми буџетот за заштита на животната средина за идната година од 0,4 проценти колку што е планиран, на најмалку 2,5 насто.
-
Македонија 11.12.2017 16:18
Отруени неколку кучиња во Скопје, се трага по сторителите
Кучиња и мачки угинаа откако на повеќе локации во главниот град бил фрлен отров. Жители на општините Карпош и Аеродром каде што се евидентирани вакви случаи, апелираат да се казнат сторителите, велат дека се доведени во опасност и нивните најмили.
-
Македонија 11.12.2017 16:13
Претставници од власта се обврзаа за борба против корупцијата
Декларација за борба против корупцијата потпишаа претставници од власта. Се обврзаа дека преку институциите ќе се залагаат правдата да биде достапна за сите. Дополнително документот ќе може да го потпишат и невладините организации и претставници на граѓанските здруженија.
-
Македонија 11.12.2017 16:00
Нимиц на средби со преговарачите за името
Посредникот на ОН за разликата за името, Метју Нимиц во Брисел ја почна новата рунда разговори со одвоени средби со претставниците на Грција и на Македонија, Адамантиос Василакис и Васко Наумовски.
-
Македонија 11.12.2017 15:51
Заев ја поздрави одлуката на членовите на ДИК за враќање на бонусите и за оставките
Претседателот на Државната изборна комисијата Александар Чичаковски и членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев поднеле оставки. Барањето за предвремен престанок на функцијата го доставиле до собраниската архива.
-
Македонија 11.12.2017 15:20
Шекеринска: 15 насто повеќе средства за одбраната
Во буџетот за 2018-та година 15 насто повеќе средства за одбраната. Министерката Шекеринска вели дека се предвидени пари за зголемување на платите на вработените во АРМ и во одбраната од јануари, како и за модернизација на опремата.










