Девет години и два месецa казна затвор за трезористот од НЛБ Банка за кривичните дела тешка кражба и затајување- ова е одлуката на Кривичниот суд во Скопје. За истите дела, неговиот брат е осуден на шест и пол години.
-
Македонија 03.11.2017 13:01
-
Македонија 03.11.2017 12:36
БЕСА и Алијансата за Албанците ќе поднесат тужби до Управен суд
Откако ДИК им ги отфрли сите приговори, БЕСА и Алијансата во форма на тужби ќе ги поднесат до Управниот суд, најавија двете партии. БЕСА ќе поднесе 89 приговори, за Чаир и Тетово, додека Алијансата на Албанците 13 тужби за текот на изборите и сумирањето на резултатите во Струга.
-
Македонија 03.11.2017 12:21
Случај „Диво насеље“: Доживотна робија за Сулејман Османи
Доживотна робија заработи обвинетиот Сулејман Османи, жител на Брест, за настаните во кумановската Дива населба. Пресудата ја дочека со аплауз. Една година беше недостапен за полицијата, па против него се водеше посебна постапка.
-
Македонија 03.11.2017 12:03
Заев- Марковиќ: Поддршка за авиолинија Скопје- Подгорица- Сараево
Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина прават уште еден чекор напред во регионалната соработка преку прифаќање на иницијативата на премиерот Заев за реализација на идејата за авионска линија на релација Скопје- Подгорица- Сараево, соопшти владината прес- служба.
-
Македонија 03.11.2017 11:54
Девет години затвор за првообвинетиот за милионскиот грабеж во НЛБ банка
Девет години и два месеца затвор за првообвинетиот Бобан Смилевски за милионскиот грабеж во НЛБ Банка. Одбраната ќе се жали, казната била превисока.
-
Македонија 03.11.2017 10:32
Пресуда за грабежот во НЛБ Банка
Во Кривичниот суд ќе биде соопштена пресудата за првообвинетиот Бобан Смилевски за грабежот во НЛБ Банка. Во завршните зборови тој го призна делото, кое рече дека не е сторено за имотна корист, туку дека бил во големи долгови за кои добивал закани и уцени.
-
Македонија 03.11.2017 10:30
Апелација ќе одлучува за „бомбите“ како доказ за „ТНТ“ и „Топлик“
Скопска Апелација на две јавни седници ќе одлучува дали дел од прислушуваните материјали може да бидат доказ во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“, што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 03.11.2017 10:20
Исплатени субвенции за обнова на приватни шуми
Сопствениците на приватните шуми ги добија субвенциите за проширена продукција на шумите за 2016-та година. Исплатени се 21.000 евра за пошумување на сопственото земјиште со вкупна површина од 21 хекатр.
-
Македонија 03.11.2017 10:17
Во Гњилане и Пеќ запалени македонски знамиња
Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за осуда на членови на таканаречената „Кумановска група“ на доживотни казни затвор, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ, јавно беа запалени македонски знамиња, јави Српската државна телевизија.
-
Македонија 03.11.2017 08:47
Тече рокот за тужби до Управниот суд
Откако Државната изборна комисија ги одби сите приговори за вториот круг од локалните избори, партиите може да поднесат тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.










