Поради технички причини, наместо денеска како што предвидува роковникот, Државната изборна комисија со жребка утре ќе го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори на 15-ти октомври.
-
Македонија 18.09.2017 14:40
-
Македонија 18.09.2017 14:00
ВМРО-ДПМНЕ: Кривична одговорност за Рашковски
ВМРО-ДПМНЕ бара генералниот секретар на Владата, Рашковски кривично да одговара за, како што велат од партијата, организираната спрега и испумпувањето пари од буџетот преку фирмата на неговиот кум.
-
Македонија 18.09.2017 13:10
Во Собранието процедурални препукувања меѓу власта и опозицијата
Изгласани предлог измените- на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите. На дневен ред на пленарката се предлог законите за зголемување на минималната плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса.
-
Македонија 18.09.2017 13:06
Каракачанов: Поддршка на Македонија за НАТО
Бугарија ја поддржува кандидатура на Македонија за членство во НАТО. Софија нема проблем со името на земјата, изјави министерот за одбрана Красимир Каракачанов во македонското министерство за одбрана.
-
Македонија 18.09.2017 12:44
Одложено рочиштето за случајот „Сопот“
Во скопскиот Кривичен суд одложено рочиштето за случајот „Сопот“, што го презеде Специјалното јавно обвинителство, поради службени обврски на претседателот на Советот. Обвинителката Фетаи не открива детали како ќе го води случајот.
-
Македонија 18.09.2017 11:04
Врховен суд: Расправа за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ
Врховниот суд, по барање на Специјалното јавно обвинителство, треба да расправа за законитоста на одлуката на скопскиот Кривичен суд да не биде замрзнат дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, во предметот „Талир“ кој се однесува на финансирањето на партијата.
-
Македонија 18.09.2017 10:57
Неуспешен референдум во Ново Село
Неуспешен референдумот во општина Ново Село, бидејќи не е исполнет потребниот цензус на излезеност од 50 насто, плус еден од запишаните 11.432 граѓани. Жителите на општината се изјаснуваа дали се за или против изградба на рудникот за бакар и злато Иловица на Огражден.
-
Македонија 18.09.2017 10:52
Ново рочиште за „Диво насеље“
Ново рочиште за случајот „Диво насеље“. Се очекува завршен збор на обвинетиот Дем Шеху. Инаку, двајца од обвинетите не го признаваат судот и ги бојкотираат рочиштата.
-
Македонија 18.09.2017 10:50
Прво рочиште за „Сопот“ откако СЈО го презеде случајот
Во скопскиот Кривичен суд е закажано рочиште за случајот „Сопот“, прво откако Специјалното јавно обвинителство го презеде предметот.
-
Македонија 18.09.2017 10:46
ДИК со жребка ќе го одреди редоследот на листите за локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) со жребка утре ќе го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори на 15-ти октомври. Во трка се две коалиции и девет политички партии.










