Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала утринава е почувствуван во Охридскиот регион, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Македонија 20.09.2017 10:58
-
Македонија 20.09.2017 10:52
Продолжува расправата за Предлог- законот за употреба на јазиците
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 15-тата седница треба да ја продолжи расправата по Предлог- законот за употреба на јазиците.
-
Македонија 20.09.2017 10:49
Владата го усвои Предлог- законот за амнестија
Владата го усвои Предлог- законот за амнестија, ќе оди во редовна постапка. Со него нема да бидат опфатени лица осудени на доживотен затвор и за тешки кривични дела, велат од Владата.
-
Македонија 20.09.2017 10:44
Заев на сесија за отворено владино партнерство
„Владите кои сакаат да им служат на своите граѓани треба да бидат отворени со нив, а не да калкулираат со нивните потреби“- премиерот Зоран Заев во обраќањето на сесијата на „Отвореното владино партнерство“ на тема- Враќање на довербата во владата.
-
Македонија 20.09.2017 10:30
Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд
Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, наместа проследен со ретки грмежи и со засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Дневната температура ќе се движи од 17 до 33 степени.
-
Македонија 20.09.2017 09:00
Продолжува посетата на премиерот Зоран Заев на САД
Премиерот Зоран Заев ја продолжува посетата на САД каде што на 22 септември ќе има обраќање на генералната дебата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
-
Македонија 19.09.2017 16:48
Се укинува радиодифузната такса
Од идниот месец, граѓаните се ослободени од плаќањето на радидифузната такса. Законските измени со кои се укинува плаќањето на оваа јавна давачка, нема да важат ретроактивно, појасни министерот Манчевски.
-
Македонија 19.09.2017 16:26
Бурна собраниска расправа за Законот за употреба на јазиците
Пратениците од опозицијата бараат јавна расправа за Законот за јазиците и негово усогласување со Уставот и со Рамковниот договор. Реагираа и на одлуката тој да се предложи со европско знаменце. Целта е да се воведе двојазичност на целата територија на државата, рече Трајчо Димков.
-
Македонија 19.09.2017 16:14
Собрание: Изгласан Законот за стечајците
Пратениците го изгласаа законот за стечајците. Не станува збор за популизам, туку за исправање на неправда нанесена врз една категорија граѓани, рекоа во расправата од парламентарното мнозинство.
-
Македонија 19.09.2017 15:31
Утврден редоследот на гласачкото ливче за локалните избори
19 партии и коалиции, 63 независни кандидати за градоначални и совети ќе учествуваат на претстојните локални избори. Со жрепка во Државната изборна комисија беше утврден нивниот редослед на гласачкото ливче.









