Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен повремено засилен ветер од северозападен правец особено во источните делови. Максималната температура ќе достигне до 23 степени. Во Скопје утре до 20 степени.
-
Македонија 21.09.2017 16:17
-
Македонија 21.09.2017 15:23
Собрание: Дебата за Законот за јазици
Секој со своите аргументи за и против Законот за употреба на јазиците. Се дебатира од тоа дека се прави обид да се прикрие криминал, до тоа оти дебатата е во корист на престојните локални избори.
-
Македонија 21.09.2017 15:21
Салији: СЈО ќе стане дел од Јавното обвинителство
Специјалното јавно обвинителство ќе стане дел од Јавното обвинителство. Ова е предвидено со Нацрт- стратегијата за реформи во правосудството до 2022 година, изјави на прес- конференцијата, ресонриот министер Билен Салији, по презентирањето на отчетот за сработеното во првите сто дена.
-
Македонија 21.09.2017 13:43
Лидерите на Западен Балкан на средба со Хан и Могерини
„Продолжете да работите демократски на започнатите реформи.
-
Македонија 21.09.2017 13:33
ВМРО-ДПМНЕ: Царината потврди- нема извоз од Санос
ВМРО- ДПМНЕ го повика обвинителството да отвори постапка за скандалот со фабриката „Санос“, пред неосновано да почне исплаќањето милионски износи на државни субвенции. Според оваа партија, фабриката има само три вработени, а треба да произведе 70 автобуси.
-
Македонија 21.09.2017 13:06
Кумуцакос: Коѕиас нема мандат и кредибилитет за да разговара за името
Коѕиас нема преговарачки мандат и кредибилитет за да разговара за името. Која е неговата позиција? Оваа игра со националните прашања е завршена- изјави пратеникот од грчката опозициска Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, во Парламентот во Атина.
-
Македонија 21.09.2017 12:41
Средба Димитров- Коѕиас во Њујорк
Во Њујорк средба меѓу македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата, Димитров и Коѕиас. Имале заедничка вечера. Фотографиите ги објави Министерството за надворешни работи во Атина.
-
Македонија 21.09.2017 12:37
Заев на дипломатски прием кај Трамп
Македонскиот премиер Зоран Заев со сопругата Зорица, беа на дипломатски прием кај американскиот претседател Доналд Трамп. Овој прием, традиционално се организира за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
-
Македонија 21.09.2017 12:34
Кривична пријава против градоначалникот на Штип, Илчо Захариев
Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба. Градоначалникот се товари дека незаконски склучил договор со штипска фирма за уредување на градежно земјиште.
-
Македонија 21.09.2017 12:30
Заев- Хан: Демократските процеси и реформи во Македонија важни за перспективите на целиот регион
„Продолжете да работите демократски на започнатите реформи. Тоа што ќе го постигнете е важно за песпективите на вашата држава и за целиот регион“- порачал еврокомесарот Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев во Њујорк.










