За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и надпросечно топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утре максималната температура ќе достигне до 35, а во недела до 37 степени.
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и надпросечно топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утре максималната температура ќе достигне до 35, а во недела до 37 степени.
Универзитетите ги отворија вратите за новата генерација студенти. На првиот академски час највозбудени бруцошите. Велат- за струката за која се определиле очекувања се безгранични. Свесни се дека претстојат сериозни задачи и предизвици, но академското чувство сепак е неспорно.
Дисциплинските постапки за 32 административци од Генералниот секретаријат на Владата се ставени во мирување и со тоа непочитувањето на Изборниот законик е отстрането, заклучија Антикорупционерите. Ова е одговорот на Александар Колевски и триесетина други кои поднесоа приговор до Комисијата.
За Меѓународниот ден на демократијата премиерот Заев во видеобраќање изјави дека мора да се зајакнуваат демократските институции за мир и стабилност. Продолжуваме со остварување на непосредната демократија за заштита на човековите права и слободи, вели премиерот.
Владата ја издаде публикацијата со резултатите од работата во првите 100 дена.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе го објави четвртиот извештај за сработеното за изминатиот шестмесечен период.
Синоќа на полноќ истече рокот за доставување на листите на кандидати за градоначалници и за членови на советите од политичките партии до Општинските изборни комисии. Партиите ги официјализираа своите номинации.
Земјоделците ќе добиваат листи на препорачани култури и сорти на семе кои најмногу успева во нивниот регион.
Собранието ќе расправа за минималната плата, стечајците и радиодифузната такса.
ВМРО-ДПМНЕ потпиша декларација за заеднички настап на претстојните локални избори. Блокот е составен од 19 партии. Лидерите се обврзаа за демократски и фер изборен циклус.