На дневен ред на 15-тата собраниска седница е Предлог- законот за употреба на јазиците. Минатата недела Комисијата за европски прашања даде зелено светло за Предлог- законот, кој беше со европско знаменце.
-
Македонија 13.09.2017 10:29
-
Македонија 13.09.2017 08:51
Дебатата за Законот за јазиците продолжува во Комисијата за политички систем
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за култура. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците.
-
Македонија 13.09.2017 08:11
Владата ќе објави информации за државната помош за странските инвеститори
Владата на Република Македонија денеска ќе објави информации за тоа колку државна помош им е доделена на странските инвеститори.
Податоците се содржани во „Анализата на трошоци - наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2007 - мај 2017“.
-
Македонија 12.09.2017 16:33
Голем пожар над делчевското село Драмче
Попладнево избувна голем пожар над делчевското село Драмче, кој уништува голема површина густа борова шума. Според првичните информации од теренот, пожарот почнал од куќа во населбата Стамболиско маало, по што се проширил.
-
Македонија 12.09.2017 16:25
Бејли: Да ги запаметиме оние кои сме ги загубиле, помагајќи им на оние на кои им треба помош
„Духот на волонтеризмот се зголеми од 11-ти септември 2001-ва година и тој дух се обидуваме да го пренесеме денеска, тука во Македонија, со одржување на оваа крводарителска и собирна акција“, рече американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.
-
Македонија 12.09.2017 16:00
Двајца македонски рудари загинаа во Србија
Синоќа околу 23 часот во рудникот „Леце“ во околина на Медвеѓа на југот од Србија, пронајдени се беживотните тела на двајца македонски рудари кои работеле во тој рудник.
-
Македонија 12.09.2017 15:43
Заев- Брглез: Време е Република Македонија да влезе во НАТО
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со Милан Брглез, претседател на Државниот збор на Република Словенија, придружуван од словенечка парламентарна делегација како и од словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец.
-
Македонија 12.09.2017 15:18
Метео: Свежи утра, повисоки дневни температури
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 32 степена. Во Скопје утре до 30 степени.
-
Македонија 12.09.2017 15:00
Словенија со поддршка за членство на Македонија во ЕУ и НАТО
Словенија и Македонија имаат добри билатерални односи кои можат да се подобруваат во различни сфери, особено во економијата. Ова е заедничката констатација на претседателите на Парламентите на двете земји, Милан Брглез и Талат Џафери.
-
Македонија 12.09.2017 14:57
Министерот Спасовски со отчет за сработеното во првите 100 дена
МВР почна со спроведување на реформите од Планот 3-6-9. Во фокусот, реформите на разузнавачките слижби, борбата против организираниот криминал и справувањето со мигрантите, вели министерот Спасовски. УБК мора да биде професионализирана, департизирана и треанспарентна.










