Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на церемонијата на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
-
Македонија 07.09.2017 09:49
-
Македонија 07.09.2017 09:42
АРМ ќе испука 10 плотуни по повод Денот на независноста
По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, денеска ќе биде извршена почесна артилериска стрелба.
Единицата на АРМ во 18 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба на 10 плотуни од артилериски орудија.
-
Македонија 07.09.2017 09:30
Македонија прославува 26 години независност
„Македонија слободна, слободно живее“ е мотото под кое што денеска почнува централната прослава организирана од Владата на Република Македонија за Денот на независноста на земјата.
-
Македонија 07.09.2017 09:21
Производителите на мед ќе се регистрираат
Наскоро ќе се регистрираат индивидуалните производители на мед. Со воспоставувањето на регистарот ќе се спречи продажба на производи кои се декларираат како мед, а кои не ги исполнуваат основните критериуми за неговиот квалитет.
-
Македонија 06.09.2017 16:51
ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на уште 9 кандидати за градоначалници
ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници. Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски е номиниран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, за тетово кандидат е Горан Манојловски.
-
Македонија 06.09.2017 16:30
Царовска реферираше за сработеното во 100 дена
Од октомври, 130 илјади работници ќе добијат минимална плата од 12 илјади денари. Со закон, трајно ќе се решат проблемите на три илјади стечајци, подготвени се измени и во Законот за социјална заштита за лицата со попреченост- министерката Мила Царовска реферираше за сработеното во 100 дена.
-
Македонија 06.09.2017 16:26
Јапонска амбасада во Скопје- зацврстување на билатералните односи
Со кршење на буре со саќе- симбол на хармонија и среќа, официјално отворена Амбасада на Јапонија во Скопје. Според јапонските власти дополнителна можност во напорите за зацврстување и унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
-
Македонија 06.09.2017 16:04
Продолжува расправата за нов Јавен обвинител
Опозицијата инсистира да не се дискутира за точката за оглас за нов јавен обвинител и да се одложи по локалните избори.
-
Македонија 06.09.2017 15:59
Втор ден комисиска расправа за Законот за јазици
Со Законот за јазиците нема да се кантонизира ниту федерализира Македонија, уверуваат пратениците од албанскиот блок партии на вториот ден од комисиската расправа. Според Вејсел Мемети, во политиката потребни се компромиси за одредени теми како оваа за јазиците.
-
Македонија 06.09.2017 15:35
Заев: Без злоупотреби на државата во изборни цели
Ќе нема притисоци и злоупотреби од државата за изборни цели порача премиерот Зоран Заев на конференцијата „Одвојувањето на државата од политичките партии“. Истакна дека одржувањето фер и демократски избори е врвен приоритет на Владата.










