Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа итно да се повлечат стратегијата и акцискиот план за бегалци предложен од ресорот труд и социјална политика за период од десет години. Велат дека приоритет за Владата на Зоран Заев треба да бидат државјаните на Република Македонија, а не странците.
-
Македонија 01.08.2017 16:51
-
Македонија 01.08.2017 16:37
Заев- Борисов: Договорот е историски чекор во односите меѓу двете земји
„Ова е порака до Европската унија и НАТО дека Балканот се однесува европски и заслужува европски перспективи“- изјави премиерот Зоран Заев по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
-
Македонија 01.08.2017 16:05
Состојбата со Хантан вирусот под контрола
Состојбата со Хантан вирусот во гостиварското село Симница е под контрола - велат здравствените власти. Освен двајцата починати, останатите осумтемина пациенти хоспитализирани на инфективната клиника, немале хеморагична треска. Лабораториските резултати биле негативни.
-
Македонија 01.08.2017 15:58
Потребна е меѓународна помош за справување со пожарите
Владата да побара меѓународна помош од странство за поддршка од воздух во справувањето со пожарите, препорача Координативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари во Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 01.08.2017 15:18
Пожарот кај Требовље е локализиран
Шумата кај селото Требовље, општина Македонски Брод, уште гори, но дел од евакуираните жители почнале да се враќаат во домовите откако е намалена опасноста пожарот да ги зафати куќите. Ангажирани хеликоптери на АРМ и на Дирекцијата за заштита и спасување.
-
Македонија 01.08.2017 15:08
Могерини и Хан го поздравија потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија
Европската Унија го поздравува потпишувањето на билатералниот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, наведуваат во заедничката изјава високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за прош
-
Македонија 01.08.2017 15:06
Премиерите Заев и Борисов го потпишаа Договорот за добрососедство
Во Владата премиерите Заев и Борисов го потпишаа Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Беше потпишан на официјалниот македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на официјалниот бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија.
-
Македонија 01.08.2017 14:20
Гужва на граничните премини, но без подолги задржувања
На граничните премини фреквенцијата на возила е зголемена, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.
Зголемен е и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.
-
Македонија 01.08.2017 13:57
ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната влада- главен фактор на поделби
Неспособната влада на СДС е главниот фактор на поделби помеѓу граѓаните.
-
Македонија 01.08.2017 13:49
Заев ќе претседава на Самитот на Јадранската повелба
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е кодомаќин, заедно со премиерот на Република Црна Гора Душко Маровиќ, на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што на 2 август ќе се одржи во Подгорица, соопшти владината прес-служба.










