Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Црна Гора на средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ.
-
Македонија 03.07.2017 16:44
-
Македонија 03.07.2017 16:26
Собраниска расправа за Народниот правобранител
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците едногласно ги усвои барањата на Народниот правобранител за измена на актите за организација и за систематизација на иниституцијата.
-
Македонија 03.07.2017 16:11
Најавени жалби за решенијата на Кривичен
Специјалното јавно обвинителство добило различни образложенија за одлуките на скопскиот Кривичен суд по нивните барања за определување мерки притвор и мерки за претпазливост. Обвинителката Ленче Ристовска најави жалби против решенијата.
-
Македонија 03.07.2017 16:00
Охрид: Локалните жители и туристите вознемирени, предизвикана мала материјална штета
Земјотрес со јачина од околу 5 степени по Рихтер го потресе Охрид околу 13 часот и дваесет минути. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри.
-
Македонија 03.07.2017 15:24
Хронично болните страдаат од променливото време, лекарите советуваат на претпазливост
Сонливост, главоболка, вртоглавица... Промената на времето влијае врз луѓето. Температурните разлики најмногу ги чувствуваат хронично болните. Лекарите советуваат да бидат претпазливи. Апелираат и на правилно чување на лековите. Од Итната медицинска помош не бележат зголемен број повици.
-
Македонија 03.07.2017 14:41
Средба Нимиц- Ахмети
Медијаторот Метју Нимиц попладнево се сретна со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Рече дека имале добар состанок. Од Ахмети добил охрабрување да ја продолжи мисијата во насока на решавање на прашањето за името, за да продолжи земјава да се движи кон евроатлантскиот пат.
-
Македонија 03.07.2017 14:25
Тлото во Охрид не се смирува: Последниот земјотрес почувствуван низ цела Македонија
Тлото во Охридско не се смирува. Нов силен земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтер во 13 часот и 18 минути повторно го потресе регионот. Епицентарот на земјотресот бил 10 километри источно од Охрид.
-
Македонија 03.07.2017 14:21
Почина и ќерката на убиецот од Бутел
Изутрината во скопскиот Клинички центар починала и ќерката на 84-годишниот Скопјанец кој во саботата пукаше во неа, во сопругата и во внукот, а потоа се самоуби.
-
Македонија 03.07.2017 13:32
Земјотрес од 5 степени според Рихтер во Охрид, почувствуван и во Скопје
Земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 13 часот и 18 минути во охридското епицентрално подрачје.
-
Македонија 03.07.2017 13:08
Одложено рочиштето за случајот „Тврдина 2“
Одложена главната расправа за случајот тврдина 2, во којa првообвинет е екс-началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, и шест службенички од управата.
Новото рочиште е закажано за 26-ти септември. Одбраната побара дополнително време за проучување на случајот.










