Изутрината во скопскиот Клинички центар починала и ќерката на 84-годишниот Скопјанец кој во саботата пукаше во неа, во сопругата и во внукот, а потоа се самоуби.
-
Македонија 03.07.2017 14:21
-
Македонија 03.07.2017 13:32
Земјотрес од 5 степени според Рихтер во Охрид, почувствуван и во Скопје
Земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 13 часот и 18 минути во охридското епицентрално подрачје.
-
Македонија 03.07.2017 13:08
Одложено рочиштето за случајот „Тврдина 2“
Одложена главната расправа за случајот тврдина 2, во којa првообвинет е екс-началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, и шест службенички од управата.
Новото рочиште е закажано за 26-ти септември. Одбраната побара дополнително време за проучување на случајот.
-
Македонија 03.07.2017 13:06
Собраниска седница за разрешување на Зврлевски на 5-ти јули
Собраниската седница на којашто ќе се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски ќе се одржи в среда на 5-ти јули. Ова прашање е 30-та точка на дневниот ред.
-
Македонија 03.07.2017 12:59
Припадници на АРМ на меѓународната вежба „Сајбер гардијан 2017“
Припадници на Армијата на Република Македонија од 11-ти до 20-ти јули ќе учествуваат на големата меѓународна вежба „Сајбер гардијан 2017“.
Вежбата која е во организација на Командата на Армијата на САД за Европа, ќе се изведува на територијата на Унгарија, Романија и Бугарија.
-
Македонија 03.07.2017 12:33
Нимиц: Не очекувам драматичен напредок, туку придвижување на процесот
По три години Нимиц повторно се ангажира за надминувањето на разликата за името меѓу Македонија и Грција.
-
Македонија 03.07.2017 11:27
Детска хирургија: За четири години оперирани 250 бебиња со срцеви маани
На Детска хирургија за четири години оперирани се 250 бебиња со срцеви мани. Во рамки на проектот се оперираат сите вродени детски кардиопатии вклучително и оние најсложените. Најмалиот пациент е опериран само неколку дена по раѓањето и имал 1,8 килограми.
-
Македонија 03.07.2017 10:53
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот меѓу Бугарија и Македонија е нетранспарентен
Договорот меѓу Бугарија и Македонија е целосно нетранспарентен. Тоа што Заев го договарал во Софија задира во постоењето на македонската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 03.07.2017 10:45
Нимиц на средби со Заев и со Димитров
Во Владата, средба на премиерот Зоран Заев со посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц. Нимиц е во Скопје со цел да се дискутира за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.
-
Македонија 03.07.2017 10:39
Досега одбиени сите барања на СЈО за притвор, денеска одлука за „Титаник“
Кривичниот суд не ги прифати барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на пет лица во обвинението со кое се опфатени предметите „Тврдина“ и „Таргет“.









