Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Владата го крши Законот за државни службеници со незаконско именување на функционери на повеќе државни институции. СДС сака да протурка некомплетни кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 29.06.2017 13:22
-
Македонија 29.06.2017 13:17
Повторно одложена јавната седница за „Монструм“
Повторно е одложена јавната седница за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Презакажана е за 12-ти септември, поради неисполнување на законски претпоставки.
-
Македонија 29.06.2017 13:15
Продолжена кризната состојба на јужната граница
Кризната состојба на дел од јужната граница продолжена до 31-ви декември. Во Собранието едногласна одлука за владиниот предлог. Одлуката е донесена поради зголемениот обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на земјава.
-
Македонија 29.06.2017 13:09
Османи и Шекеринска на средби во ЕУ и НАТО
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во Брисел заедно со директорката за Западен Балкан во директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Руиз Калавера ќе копретседаваат со 14-от состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
-
Македонија 29.06.2017 12:37
СЈО покрена 17 обвиненија против 94 физички и 7 правни лица
Специјалното јавно обвинителство денеска на прес-конференција соопшти дека подигнало 17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и седум правни лица.
-
Македонија 29.06.2017 12:32
Македонија во портокалова фаза, температури над 40 степени
Македонија е во портокалова фаза. До сабота од УХМР долж повардарието и на југот најавуваат температури и над 40 степени. Заладување ќе има од недела попладне.
-
Македонија 29.06.2017 11:27
Над 800 земјотреси за десеттина дена во Охридско
Повеќе од 800 земјотреси регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија во периодот од 18 јуни до денеска во охридското епицентрално подрачје.
-
Македонија 29.06.2017 11:24
Во Врховен суд јавна седница за случајот „Монструм“
Во Врховниот суд е закажана јавна седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско езеро.
-
Македонија 29.06.2017 11:20
Советот на јавните обвинители ќе расправа за „Сопот“ и „Пуч“
Советот на јавните обвинители на седница треба да расправа за случаите „Сопот“ и „Пуч“. Поради немање кворум, завчера седницата беше одложена.
-
Македонија 29.06.2017 11:02
Утре истекува рокот за поднесување обвиненија на СЈО
Утре истекува законскиот рок до кога Специјалното јавно обвинителство може да поднесува обвинителни акти. Досега се отворени 19 истраги и се подигнати три обвиненија.










