Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе присуствува на свечениот прием по повод инаугурацијата на новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ.
-
Македонија 23.06.2017 10:39
-
Македонија 23.06.2017 10:29
Нови критериуми за субвенционирање на житните култури
Производителите на пченица, житни и индустриски култури доколку употребиле сертифициран семенски материјал ќе добијат иста субвенција како и лани од 12.000 денари за хектар.
За другите кои ќе сеат со обично семе, субвенцијата ќе изнесува двојно помалку односно 6.000 денари.
-
Македонија 23.06.2017 08:41
Спасовски и Безак во посета на прифатниот центар „Винојуг“
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Република Словачка Мартин Безак денеска ќе го посетат прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ во Гевгелија.
-
Македонија 23.06.2017 08:38
Норвешкиот министер за надворешни работи Бренде во Македонија
Министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
-
Македонија 22.06.2017 15:23
Собраниска расправа за новите заменици- министри
Предложените заменици- министри се избрани според стручноста. Ќе работат посветено на реформите, заедно со министрите што ги водат ресорите, рече премиерот Зоран Заев претставувајќи ги кандидатите пред пратениците.
-
Македонија 22.06.2017 15:17
Содржината на лектирите застарена, ДПМ бара анализа
Содржината на лектирите во голем дел е застарена, не кореспондира со вистинските потреби на образовниот процес и на интересирањата на основците и на средношколците- оценува Друштвото на писателите на Македонија.
-
Македонија 22.06.2017 15:11
Метео: Се очекува максимална температура до 39 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со мала облачност и со умерен западен и северозападен ветер.
Кон крајот на денот можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
-
Македонија 22.06.2017 14:47
Груевски на Самит на Европската народна партија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска учествува на дводневниот Самит на Европската народна партија во Брисел. Во делегацијата се и Никола Попоски и Владимир Ѓорчев.
-
Македонија 22.06.2017 14:44
Министерството за здравство најави поддршка за програмите против ХИВ, туберкулоза и маларија
Нема да пропаднат програмите против СИДА, туберколоза и маларија. Министерството за здравство најави финансиска поддршка. Од здружението на граѓани „ХОПС“ објаснуваат дека во последните 10 години, се евидентирани само два нови случаи на ХИВ на зависници од дрога.
-
Македонија 22.06.2017 14:38
Формиран Центар за вработување лица со хендикеп
Во Македонија има околу две илјади луѓе со хендикеп кои работат во заштитни фирми. Со последните огласи 290 се вработени во јавната администрација.









