Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со слаб ветер претежно од северозападен правец.
Попладне на места ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со слаб ветер претежно од северозападен правец.
Попладне на места ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи.
Жестока расправа и на вториот ден од седницата за избор на нова Влада. Од ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во демократијата која ја промовира новото парламентарно мнозинство, a владината програма ја нарекоа гол популизам.
Народниот правобранител го следи третманот на бегалците во земјава. Од канцеларија на омбудсманот велат дека имаат евидентирано случај на прогон на бегалци од Транзитниот центар во Куманово под изговор за наводна реадмисија. Најавена е истрага.
„Предложената влада не е реформска, туку е антиреформска“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, најавите за блокади и укинување на проектите претставуваат деструкција на штета на граѓаните.
Повеќе од една деценија, Кристина се бори со заболувањето кое и предизвикува инвалидитет- мултиплекс склероза. Пред неколку години болеста и прогресирала, оттогаш се движи со стапче. Морала да ја затвори фирмата во која работела како сметководител, сега зема инвалидска пензија.
Осум години препораки за членство во Европската унија и земја која одамна ги исполнува условите за интеграција во НАТО се показатели што е направено во Министерството за надворешни, посочи вицепремиерот и шеф на дипломатијата во заминување, Никола Попоски.
Полицијата го приведе директорот на Клиниката за неврохирургија во Скопје. Осомничен е за примање поткуп. Министерството за внатрешни работи информираше дека постапиле по пријава од граѓанин, а по наредба на Основното јавно обвинителство.
Бегалците од Косово по 18 години сѐ уште ги немаат остварено своите права, регира народниот правобранител, Иџет Мемети. Според него тие живеат во тешки услови, без средства за егзитенција, здравствена заштита, без можности за добивање матични броеви за нивните деца.
Собранието ја продолжи седницата за избор на новата влада. Гласањето ќе се одржи најдоцна до полноќ. Потребни се најмалку 61 глас.
Пратениците на денешната трета собраниска седница ја изгласаа Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието на Република Македонија.