Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска ќе оствари средба со премиерите на државите од Западен Балкан.
-
Македонија 24.05.2017 10:38
-
Македонија 24.05.2017 10:16
Во 2016-та 439 македонски државјани останале илегално во САД
Минатата година, 439 македонски државјани останале илегално во САД по истекувањето на визата. Најмногу од нив пристигнале легално во Америка со студентски визи 208, 188 со туристички визи и 43 со визи од друг тип.
-
Македонија 24.05.2017 10:10
Попоски на министерски состанок за Западен Балкан во Рим
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на покана од министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Анџелино Алфано, денеска во Рим, ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите од Западен Балкан.
-
Македонија 24.05.2017 09:13
Македонија во чест на свети Кирил во Рим
Државно-црковна делегација од Република Македонија денеска ќе се поклони на гробот на свети Кирил во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.
-
Македонија 24.05.2017 09:08
Најмногу дожд во Штип, најмалку во Охрид
Најстудено утрово беше во Лазарополе, шест степени, а најмногу дожд последниве 24 часа наврна во Штип, вкупно 87 литри на метар квадратен.
-
Македонија 24.05.2017 09:05
Средба Иванов- Путин во Москва
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Москва ќе има средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
-
Македонија 23.05.2017 17:24
Разговори на сите нивоа за составот на новата Влада
Заокружувањето на принципите и начинот на функционирање на новата влада, полека, се затвора. Така што ќе влеземе во ефектуирање на разговорите, околу персоналниот состав- велат од Социјал- демократскиот сојуз на Македонија.
-
Македонија 23.05.2017 16:00
Коцијанчич: Заев доаѓа во Брисел како „определен за премиер“
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, за МИА потврди дека мандатарот за составување влада и претседател на СДСМ, Зоран Заев е поканет да ја претставува Македонија на утрешната неформална вечера на премиерите на шест балкански држави со Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могер
-
Македонија 23.05.2017 15:11
Метео: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и на повеќе места нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.
Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови пад на температурите.
Максималната дневна ќе достигне до 22 степена.
-
Македонија 23.05.2017 15:07
МВР продолжува со расветлување на собраниските настани
Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува со расветлување на собраниските настани од 27-ми април и со идентификација на сите учесници.
Во полиција биле повикани 28-годишник од Виница и тројца скопјани. Тие се ослободени, но ќе има соодветни поднесоци.









