Да се упати покана на Македонија за членство во НАТО веднаш и да се почнат преговорите за членство во Европската унија, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Според него, земјава предолго се држи надвор од овие институции.
-
Македонија 25.05.2017 16:49
-
Македонија 25.05.2017 16:38
Претседателот Иванов на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“
Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов е во дводневна посета на Италија и на Светата Столица во Ватикан. Учествува на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
-
Македонија 25.05.2017 16:15
Лекарската комора бара измени во законската регулатива
Целосно укинување на плаќањето по учинок за лекарите и измена на системот „Мој термин“. Според новото раководство на Лекарската комора, за 15 минути не се прегледува пациент.
-
Македонија 25.05.2017 16:03
Интензивирање на преговорите за нова Влада
Преговорите за состав на новата Влада што ги води лидерот на СДСМ со политичките партии на Албанците се приближуваат до својата завршница.
-
Македонија 25.05.2017 15:35
Повторно одложена седницата на Советот на јавни обвинители
Не се избрани двајца нови обвинители во републичкото и во скопското вишо обвинителство. Седницата на советот се одложи, бидејќи членовите не го усвоија дневниот ред. Претседателот на Советот, Петар Аневски, предупреди дека состојбата е алармантна, има недостиг од кадар.
-
Македонија 25.05.2017 15:05
Метео: Облачно и посвежо време со врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места пообилни особено во претпладневните часови.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер поизразен во северните делови од земјата.
-
Македонија 25.05.2017 14:03
Хојт Ји ги осуди повиците за Голема Албанија
Американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Ји, ги отфрли изјавите и повиците на политичарите за создавање Голема Албанија, велејќи дека дел од нив се дадени во контекст на предизборни кампањи и не се одраз на желбите на албанските политичари во регионот.
-
Македонија 25.05.2017 13:30
Повторно одложена седницата, се чека нова Влада
Ново одложување на седницата на Советот на јавните обвинители, на којашто требаше да се изберат нови обвинители. Се чека изборот на новата влада, а пречка бил дневниот ред и отсуството на двајца членови.
-
Македонија 25.05.2017 13:14
Исказ на Зијадин Села за собраниските настани
Пратеникот Зијадин Села од Алијансата на Албанците во Јавното обвинителство дава исказ за настаните во Собранието на 27-ми април.
Села беше физички нападнат и тешко повреден. Две лица, татко и син, се обвинети за кривичното дело- обид за убиство.
-
Македонија 25.05.2017 12:29
Рочиштето против Богоевски одложено, Ахмети и Џафери не се појавија во судница
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговиот сопартиец, Муса Џафери, денеска не се појавија во судница. Тие го тужат екс разузнавачот, Слободан Богоевски за навреда и клевета за исказ кој тој го даде за случајот „Маѓар Телеком“ пред американскиот Окружен суд во Њујорк.










