Советот на јавните обвинители ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа за изборот на двајца обвинители од Вишото јавно обвинителство на Скопје, обвинител во Републичкото Јавно обвинителство, како и распишување нов оглас за избор на претседател на Скопското Јавно обвинителство, п
-
Македонија 09.05.2017 12:50
-
Македонија 09.05.2017 12:46
Македонија да се врати на европскиот пат
Македонија минува низ историски моменти кои бараат вистински одлуки. Време е да излеземе од кризата, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Адеми на одбележувањето на Денот на Европа во Клубот на пратениците.
-
Македонија 09.05.2017 12:11
Одлуката за изборот на Џафери објавена во Службен весник
10 дена по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, одлуката е отпечатена во најновиот број на Службен весник. Со тоа Џафери и официјално ја презема функцијата во законодавниот дом.
-
Македонија 09.05.2017 10:50
„За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои, како што велат, избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.
-
Македонија 09.05.2017 10:35
Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот
Во Македонија денеска се одбележува Денот на Европа, 9-ти мај. Низ целата земја се организираат настани на делегацијата на ЕУ чија цел е доближување на процесот на евроинтеграциите.
-
Македонија 09.05.2017 10:31
Две години од настаните во кумановската „Дива населба“
Две години од оружените инциденти во кумановска Дива населба каде што животот го загубија осум припадници на МВР, додека 40-тина беа тешко повредени. Во престрелката беа убиени и десет припадници на терористичката група.
-
Македонија 09.05.2017 10:25
Привршува рокот за пријавување штети од априлското измрзнување
До 10-ти мај земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штетите од пролетните мразеви на 21-ви и 22-ри април.
Досега скоро 4.000 земјоделци доставиле барања во подрачните единици на Министерството за земјоделство, а пристигнуваат и нови.
-
Македонија 09.05.2017 10:22
Службен весник ја објави одлуката за изборот на Џафери
Службен весник на Република Македонија потврди дека во денешниот број е објавена одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на македонскиот Законодавен дом. Со ова Џафери и официјално ја презема функцијата.
-
Македонија 09.05.2017 10:16
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува.
-
Македонија 08.05.2017 16:41
Средба на Џафери со амбасадорите на САД и на Франција
„Изборот на Претседател на Собранието е прв и мошне важен чекор во консолидација и стабилизација на политичката ситуација“- собраниската служба ги пренесува ставовите од на амбасадорите на САД и на Франција со Талат Џафери.









