Тензично и со дофрлања од место, со реплики и процедурални забелешки на вториот ден од продолжението на конститутивната седница на собранието.
-
Македонија 28.03.2017 15:09
-
Македонија 28.03.2017 14:17
Зврлевски: Законот за следење комуникации треба да се промени
Според Законот, главниот збор за тоа кој ќе биде легално прислушуван, го има јавниот обвинител, но тоа за сега е само на хартија, вели првиот обвинител Марко Зврлевски.
-
Македонија 28.03.2017 13:22
Метео: Утрински температури под нулата, максималната до 21 степен
Утре во Македонија ќе преовладува сончево претежно ведро и пријатно топло време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури на некои места повторно ќе бидат под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 21 степен. Во Скопје утре до 20 степени.
-
Македонија 28.03.2017 13:13
Продолжи конститутивната собраниска седница
Собранието на Република Македонија ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 28.03.2017 13:10
Демонстрантите маршираат веќе 30-ти ден
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ веќе 30-ти ден продолжува со протестите низ земјава. Нема отстапување од барањата- да се отфрли платформата од Тирана и да се зачува унитарноста на државава, велат организаторите.
-
Македонија 28.03.2017 12:46
Унапредување на услугите за социјална вклученост
Никој нема интерес да вработува лица со оштетен слух, освен компаниите кои добиваат бенефиции за да ангажираат лица со попреченост, реагираат од националниот сојуз на глуви. Велат, преку вработувањата во Македонски шуми работа добиле некои нивни членови, но уште многу бараат работа.
-
Македонија 28.03.2017 12:33
Потребна е современа терапија за болните од рак на дебело црево
Годишно на околу 500 пациенти им се дијагностицира рак на дебелото црево, кај повеќето болеста се открива во напредна фаза. Лекарите апелираат да се оди на превентивни прегледи. Ако болеста се открие навреме и во раната фаза, лекувањето е до 90 проценти успешно.
-
Македонија 28.03.2017 11:28
Одложено рочиштето за случајот „Шпион“
Уште едно одложување на судскиот процес кој се води против петмина обвиниети во случајот „Шпион“. Обвинетиот Марјан Ефремов не беше спроведен од затворот во Идризово, по што судечкиот судија одлучи да го одложи рочиштето за 18-ти мај.
-
Македонија 28.03.2017 11:24
Водостоите на реките под просекот за март
Водостоите на реките во Македонија се под просекот за март, покажува неделната хидролошка состојба.
-
Македонија 28.03.2017 10:23
Достигнувањата на македонскиот Катастар претставени на конференција во Светска банка
Главна преокупација во следните три години ќе биде формирањето на адресниот регистар, масовната проценка на недвижностите и 3Д катастарот во Македонија, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески на годинешната конференција на Светска банка во Вашингтон.










