„Нема да ви помине- бараме правда“, порачаа вработените во компанијата Трансмет и Телевизијата Нова на бизнисменот Сеад Кочан кои потворно излегоа на протест пред Апелациониот суд. Велат дека е загрозена егзистенцијата на илјадници луѓе кои работат во неговите фирми.
-
Македонија 17.03.2017 15:54
-
Македонија 17.03.2017 15:32
Заев на распит во Јавното обвинителство
За време од половина час колку што траеше сослушувањето, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му биле презентирани индиции за нерегуларности во кампањата од последни декемвриски избори.
-
Македонија 17.03.2017 15:21
Несоницата е во подем
Несоницата е во подем, покажуваат светските истражувања. 40 проценти од работоспособното население на возраст од 30 до 50 години имаат некој симптом на несоница. Причините ги препознаваат со стресот и општествено-политичките случувања.
-
Македонија 17.03.2017 15:11
Метео: Дневните температури во пораст
Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево време со мала облачност и со умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
На места утринските температури повторно ќе паднат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.
-
Македонија 17.03.2017 14:52
Градоначалниците можат да ги извршуваат функциите до средината на мај
Градоначалниците и членовите на Советите на општините можат да ги извршуваат своите законски надлежности до крајот на првата половина од мај- ваков одговор добило Министерството за локална самоуправа од ресорот правда.
-
Македонија 17.03.2017 14:42
Хан и тројката европратеници во вторник во Македонија
Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Едуард Куакан и Кнут Флекенштајн во вторник следната недела доаѓаат во Скопје, со цел да направат уште еден обид за излез од политичката криза во која се наоѓа земјава- потврди портпаролката на ЕК, Маја Коци
-
Македонија 17.03.2017 14:23
Верските заедници апелираат за смирување на состојбите
Оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата татковина-Република Македонија, без разлика на која верска заедница припаѓаме. Петте верски водачи на заедниците во земјава ставија потпис на заедничка изјава.
-
Македонија 17.03.2017 14:18
Средба Попоски- Курц во Виена
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски во Виена оствари средба со австрискиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц.
-
Македонија 17.03.2017 14:12
Заев на распит за нелегално финансирање на изборна кампања
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше повикан во јавното обвинителство на распит под сомнение за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. По полчасовното сослушување Заев изјави дека идната среда ќе му бидат приложени доказите за да може да ја состави одбраната.
-
Македонија 17.03.2017 14:05
Поднесена иницијатива за седница во Собранието
Зад иницијативата на СДСМ за продолжување на конститутивната собраниска седница стојат потписите и на пратениците на ДУИ, БЕСА и на Алијансата на Албанците. Од претседавачот Вељаноски бараме веднаш да го свика продолжението.









