• Македонија 14.03.2017 16:06

    Академиците со различни ставови за кризата

    Различни мислења на македонските академици во однос на политичката криза во која се наоѓа Македонија.

  • Македонија 14.03.2017 15:04

    ЕП со загриженост ја следи ситуацијата на Балканот

    Во Европскиот парламент, во Стразбур со голема загриженост се следи развојот на ситуацијата во Македонија и на Балканот, тоа го призна и претседателот на најголемата политичка група во Европскиот парамент, германецот Манфред Вебер, по неговата посета на Хрватска. 

  • Македонија 14.03.2017 14:58

    Наградени најдобрите студенти на УКИМ

    Јорданка Чанева е студент со најдобар просек на Градежниот факултет за учебната 2014/2015 година. Дипломирала со просек 9,8. Сега е на магистарски студии на Институтот за земјотресно инженерство. Иднината ја гледа во земјава- вели, работа за нејзината струка има.

  • Македонија 14.03.2017 14:35

    Метео: Утре сончево со умерена облачност

    Утре во Македонија се очекува сончево време со умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието и во источните делови.

    Утринските температури на места ќе бидат негативни, а максималната ќе достигне до 16 степени.

  • Македонија 14.03.2017 14:08

    Запленети 27.700 фалсификувани евра на Табановце

    На граничниот премин Табановце е спречен обид за изнесување од државата на 27.700 фалсификувани евра. Царинската управа денеска соопшти дека случајот е откриен вчера околу 7 часот наутро.

  • Македонија 14.03.2017 13:03

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да овозможи мирен трансфер на власта

    Ги повикуваме Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ако се за унитарна, суверена Република Македонија во којашто функционира правдата, јасно да ја поддржат програмата на новата влада и работата на Специјалното јавно обвинителство, да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да ово

  • Македонија 14.03.2017 13:02

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се откаже од платформата од Тирана

    Ниту СДСМ, ниту Зоран Заев не излегуваат со одбивање на Тиранската платформа и подготвени се да предводат влада базирана на темели на платформа формирана во странска држава, под диктат на странски премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

  • Македонија 14.03.2017 12:54

    Коѕиас и Тилерсон разговарале и за Македонија

    Не разговаравме посебно за Скопје, но кога ги објаснив предизвиците за стабилноста во регионот, државниот секретар Тилерсон ја посочи нестабилноста која постои кај нашите северни соседи и заедничките напори таа да се стабилизира.

  • Македонија 14.03.2017 12:38

    Истекува рокот за регистрирање на новите земјоделци

    Истекува рокот за регистрирање на земјоделците и новите земјоделски фирми. До 15-ти март годинава ќе мора да се запишат во регистарот за земјоделски стопанства ако сакаат да добијат субвенции.

  • Македонија 14.03.2017 12:35

    „За заедничка Македонија“ продолжува со протести

    Продолжуваат протестите за унитарност на државата. Од граѓанската иницијатива„За заедничка Македонија“ најавуваат протести во 30-тина градови во земјава.

    Организаторите велат, не отстапуваме од барањето за унитарна Македонија преку отфрлање на платформата. Очекуваат поголема масовност.

Pages