Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ќе биде домаќин на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, италијанскиот државен потсекретар за надворешни работи В
-
Македонија 09.02.2017 08:40
-
Македонија 09.02.2017 08:38
Евзони се уште затворен, магла на патот Лисец-Попова Шапка
Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Лисец - Попова Шапка - Лисец.
-
Македонија 09.02.2017 08:37
Престана да важи бесплатниот градски превоз во Скопје
Од денеска се укинува бесплатниот превоз за сите граѓани во автобусите на ЈСП Скопје и кај приватните превозници и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања и за бремените жени.
-
Македонија 08.02.2017 20:06
„Дојран“ и „Меџитлија“ отворени за превоз на нафта
Поради блокада на грчкиот премин Евзони, Владата на РМ донесе одлука цистерните со нафтени деривати од јужната граница, кои досега во Македонија влегуваа само на граничниот премин „Богородица“, да може да влегуваат и на граничните премини „Меџитлија“ и „Дојран“.
-
Македонија 08.02.2017 16:40
Хан доаѓа во Македонија: СДСМ и ДУИ продолжуваат со консултации, ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори
Посета на еврокомесарот Хан, прва по декемвриските избори. Доаѓа на министерски состанок на земјите од Западен Балкан, но, ќе се сретне и со партиските лидери. Има ли решение во неговата актовка? Позицијата на Брисел е дека треба да се формира влада со широка поддршка.
-
Македонија 08.02.2017 16:10
Раселените од поплавите очекуваат продолжување на рокот за престој во домовите
Дел од жителите од поплавените подрачја велат дека немаат каде да се вратат. Јасмина Јованова, мајка на три деца, за МТВ ја раскажа нивната приказна. Вели дека нема ни каде да јадат, ни каде да спијат.
-
Македонија 08.02.2017 15:32
Расте бројот на деца со проблеми со видот
Компјутер, таблет, смартфон- ова се играчките со кои растат новите генерации. Но, модерната технологија штети на здравјето, последните години се поголем број деца имаат проблеми со видот и носат очила.
-
Македонија 08.02.2017 14:44
Од утре се укинува мерката за бесплатен градски превоз
Концетрацијата на штетните честички во воздухот под дозволениот праг- сигнал за градските власти да ја укинат мерката бесплатен превоз. Од утре престанува да важи и ослободувањето од работа на хронично болните и бремените жени. Ќе се продолжи со контрола на градилиштата и миењето на улиците.
-
Македонија 08.02.2017 14:35
Почина морски лав во Зоолошката градина во Скопје
Во скопската Зоолошка градина утрово почина еден од двата морски лава, кои пристигнаа од Загреб. Оттаму информираа дека сѐ уште не се знаат причините за смртта и дали е последица од ниските температури и неповолните временски услови.
-
Македонија 08.02.2017 13:12
Продолжува блокадата на Евзони, грчките земјоделци се закануваат со блокада на Дојран и пругата во Идомени
Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин Евзони сѐ уште е затворен за сообраќај. Бараат владата до утре да се изјасни за нивните барања, во спротивно најавуваат поголеми протести.










