Со мерки и препораки кои се во насока на намалување на загадувањето на воздухот излезе Град Скопје. Бесплатен јавен превоз ќе има за сите граѓани. Oваа мерка ќе важи се до моментот на намалување на аерозагадувањето.
-
Македонија 06.02.2017 16:24
-
Македонија 06.02.2017 16:09
Препораки од пулмолозите: Да се избегнува престој на отворено
Променливото време, загадениот воздух, вирусните инфекции- го намалија имунитетот на децата. Црвено грло, затнат нос, висока температура, по 50-тина дечиња дневно доаѓаат во ординациите на педијатрите. Кај бебиња oд неколку месеци се дијагностицираат бронхитис и други респираторни инфекции.
-
Македонија 06.02.2017 15:41
Јанкулоска: СЈО е алатка во функција на СДСМ
„Специјалното јавно обвинителство одамна го загуби кредибилитетот да води какви било постапки кои се поврзани со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациски делови на СДСМ“- изјави поранешната министерка за внатрешни работи, по распитот во обвинителството.
-
Македонија 06.02.2017 15:28
Расте интересот: 223 апликации на првиот повик за програмата Еразмус плус
Расте интересот за програмите за мобилност Еразмус плус. На првиот јавен повик пристигнале 223 апликации до Националната агенција за европски образовни програми. Најголем дел од нив се за проекти за студентски стажирања и мобилност на настаставен кадар.
-
Македонија 06.02.2017 14:28
Германска донација: 4 возила во вредност од 60 илјади евра за Граничната полиција
Македонската гранична полиција доби 4 автомобили, германска донација, во вредност од 60 илјади евра. Реформските зафати во полицијата најголем дел се должат на партнерството од повеќе европски земји, но и од германското сојузно министерство, нагласи министерот Нухиу.
-
Македонија 06.02.2017 14:19
Руска амбасада: Излез од политичката криза во рамки на Уставот
Убедени сме дека излезот од тешката внатрешна политичка криза што ја зафати Република Македонија може да биде најден исклучиво во рамки на постоечкото уставно поле, врз основа на општо признаените норми на демократското општество, оценуваат од Руската амбасада во Скопје.
-
Македонија 06.02.2017 13:40
Пронајдена муниција, бомби и гранати во подрум на зграда во Чаир
Во подрумски простории од станбен објект во населбата Чаир се пронајдени две кофи полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати.
-
Македонија 06.02.2017 13:30
Бесплатен јавен превоз во Скопје до намалување на аерозагадувањето
Градот Скопје од утре воведува бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје се до моментот на намалување на аерозагадувањето, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Коце Трајановски.
-
Македонија 06.02.2017 12:53
Јанкулоска на распит во СЈО
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, придружувана од нејзиниот адвокат, Никола Додевски, беше на распит во Специјалното јавно обвинителство за повеќе стари случаи.
-
Македонија 06.02.2017 12:45
Хан во четврток во Скопје
Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан в четврток доаѓа во посета на Македонија. Ќе учествува на министерскиот состанок за енергетика на земјите од Западен Балкан.










