Зимско- летниот туристички центар Ниже Поле зимава е преплавен од посетители. Со воведувањето за прв пат на ноќното скијање забавата трае до доцните ноќни часови. Скијачите едногласни ова е квалитативна промена.
-
Македонија 06.02.2017 10:39
-
Македонија 06.02.2017 10:31
Целосно реновирање на одделот за гинекологија во прилепската болница
Еден месец прилепските бебиња ќе се раѓаат во Битола. Толку треба да трае комплетното реновирање на операционите сали на гинеколошкото одделение во прилепската болница. Сите родилки се праќаат во Битола.
-
Македонија 06.02.2017 10:25
Евзони блокиран, камионџиите трпат штети
Една недела- блокирани македонски транспортери на грчко- македонската граница, меѓу нив се и 15-ина цистерни со лесно запаливи нафтени деривати. Грчките земјоделци го продолжуваат штрајкот, незадоволни од даночните и пензиските реформи.
-
Македонија 06.02.2017 10:15
Високи вредности на ПМ-10 честичките
Скопката котлина утрово е најзагадена. Највисоки концентрации во осум часот се измерени во Гази Баба 486,21 микрограми на метар кубен, Лисиче 436,82, кај Ректорат 375,69, Карпош 251,55 и во Миладиновци 111,93 микрограми.
-
Македонија 06.02.2017 10:06
Аеродромот во Скопје отворен за сообраќај
На аеродромот „Александар Велики“ на кој авиосообраќајот вчера беше во прекин поради маглата, изутрината со исклучок на откажаното полетување и слетување за и од Виена, реализирани се полетувања за Белград, Дортмунд, Загреб, Брисел и Стокхолм, а ноќеска по полноќ пристигнале и авионите од Белград
-
Македонија 06.02.2017 09:47
Променливо облачно, попладне дожд
Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, информираат од УХМР.
-
Македонија 05.02.2017 19:04
Во Скопје највисоки концентрациите на ПМ10 честичките
Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање попладневно покажува загадување на воздухот со високи концентрации на ПМ10 честичките.
-
Македонија 05.02.2017 10:16
Поради магла откажани летови и намалена видливост на патиштата
Маглата во Скопската котлина го отежна одвивањето на авиосообраќајот, како и на патниот сообраќај.
-
Македонија 05.02.2017 10:09
Во јануари годинава измерена најниската температура досега - 28 степени
Во јануари годинава, кој според метеоролозите беше екстремно студен, се измерени најниските средномесечни температури досега. На 8 јануари во Берово се измерени - 28 степени.
-
Македонија 05.02.2017 10:03
Евзони и денеска затворен за сообраќај
Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, е се уште затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. Отворени за сообраќај се премините Дојран и Меџитлија.










