Бараме одговорност од сите субјекти во земјата. Ова на денешната прес конференција во Брисел го изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
-
Македонија 30.01.2017 13:03
-
Македонија 30.01.2017 12:55
Одложено судењето за случајот „Еразмус“
Изземање на Судечкиот совет кој постапува во предметот наречен „Еразмус“, побара адвокатот на еден од обвинетите. Се сомничат во нивната објективност, зашто истите одлучувале по жалба на обвинетите и ја одбиле. Одбраната тврди дека обвинителството немале докази.
-
Македонија 30.01.2017 12:36
Измината недела 1.294 повици на „Ало докторе“
Во текот на измината недела за медицински совет на телефонската линија Ало докторе се јавиле 1.294 граѓани.
Како што соопшти денеска ЈЗУ Здравствен дом Скопје, од воспоставувањето на линијата регистрирани се 136.259 повици од граѓаните.
-
Македонија 30.01.2017 11:51
Нема договор за формирање нова Влада
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеаја да се договорат за формирање парламентарно мнозинство и нова Влада. По повеќедневни внатрепартиски разговори, раководството на „интегративците“ не успеа да изгради заеднички став за ова прашање.
-
Македонија 30.01.2017 10:32
Намален бројот на мигранти во транзитниот центар „Винојуг“
Бројот на мигранти кои останаа во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ по затворањето на „Балканската рута“ изнесуваше 240, а денеска тој број е под 70 поради постепеното нивно одлевање и неодамнешното заминување на поголема група мигранти, соопштија денеска од Центар за управување со кризи на Г
-
Македонија 30.01.2017 10:06
ВМРО-ДПМНЕ: Со нови избори се надминува политичката криза
Нема договор за формирање нова Влада. ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение информира дека договор за коалицирање со ДУИ не е постигнат.
-
Македонија 30.01.2017 09:55
Најстудено во Тетово, најмногу снег во Маврово
Тетово беше најстудениот град во земјава со минус 13 целзиусови степени. Во Скопје се измерени минус 8, температурата во живата над нулата беше само во Струмица, Охрид, Гевгелија и во Дојран, од 1 до 2 степена.
-
Македонија 30.01.2017 09:52
Почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти
Од денеска до 3-ти февруари се спроведува екстерното тестирање за матурантите. Тие ги добија предметите по кои ќе бидат оценувани. Распоредите се објавени на огласните табли во сите училишта.
-
Македонија 30.01.2017 09:48
Снегот ги штити посевите
Минималните температури на воздухот ја одржуваат непроменета снежната покривка во поголемиот дел од земјава, што е одлично за есенските посеви и за нивната заштита.
-
Македонија 30.01.2017 09:36
Снег во Битола, Ресен и на премините Буково и Ѓавато
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските премини Буково и Ѓавато, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.










