Времето утрово е облачно со појава на магла по одделни котлини. Најниската температура е измерена во Маврово од -9, а дневната ќе се движи од 1 до 7 степени.
-
Македонија 31.01.2017 08:42
-
Македонија 30.01.2017 17:03
Иванов и Жбогар разговарале за актуелната политичка состојба
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјата, соопшти Кабинетот на претседателот.
-
Македонија 30.01.2017 17:00
Аналитичари: Простор за дополнителни консултации за да се формира стабилна Влада
Треба да се остави простор за дополнителни консултации во политичките партии за да се формира стабилна Влада- став на аналитичари откако не се постигна договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за ново парламентарно мнозининство.
-
Македонија 30.01.2017 16:27
Птичји грип кај живина во Струшко
Регистриран е првиот случај на птичји грип во земјава. Лабораториски е потврден во струшкото село мороишта. Од жариштето е уништена и отстранета живината, направена е дезинфекција. Ќе се уништува и преостанатата живина во селото, тимови од агенцијата за храна и ветеринарство се на терен.
-
Македонија 30.01.2017 16:03
Заев очекува Иванов да му додели мандат за формирање Влада
Очекувам Ѓорге Иванов да ми го додели мандатот за формирање нова влада. Сите поинакви опции ќе значат кршење на Уставот и злоупотреба на функцијата- изјави лидерот на Социјал-демократите Зоран Заев, кој смета дека ќе успее да обезбеди мнозинство во Парламентот и да формира Влада.
-
Македонија 30.01.2017 15:43
Метео: Се очекува пораст на температурата
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, а кон крајот на денот во делови од земјава ќе има услови за провејување на слаб снег.
-
Македонија 30.01.2017 15:33
ЕУ: Конструктивна улога на сите фактори
Европската Унија очекува претседателот Иванов да ги повика на итна консултација сите политички партии и да определи кој ќе формира широка и стабилна Влада- ова е пораката која денеска во име на ЕК ја испрати портпаролката Маја Коцијанчич.
-
Македонија 30.01.2017 15:18
Екстерното тестирање на матурантите се спроведува без проблеми
Почна екстерното тестирање за 18.600 матуранти. Тестирањето ќе трае до крајот на оваа недела, а прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари.
Учениците кои ги анкетиравме велат дека немале проблем, прашањата ги добиле навреме.
-
Македонија 30.01.2017 15:14
Заев: Мандатот за Влада треба нам да ни се даде
Очекувам Иванов да ми го додели мандатот, откако вчеравечер ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави Влада, изјави на денешната конференција за новинарите лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Демократските процеси се почнати, тврди Заев.
-
Македонија 30.01.2017 15:08
Иванов: Дејствување согласно членот 90 од Уставот
По добивање официјално известување од Собранието на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, велат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.










