Традиционален прием за дипломатскиот кор приредува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Струга, на кој што ќе присуствуваат воените аташеа, претставниците на меѓународните организации и почесните конзули акредитирани во земјава.
-
Македонија 27.01.2017 10:21
-
Македонија 27.01.2017 08:40
Најстудено во Берово, измерени -21 степен
Најстудено изутрина во државава е во Берово, каде се измерени минус 21 степен, по што следат Маврово, со минус 17, Лазарополе, -16, Крушево, Крива Паланка и Струмица, - 14.
-
Македонија 27.01.2017 08:14
Американска донација на опрема за справување со поплави
Дирекцијата за заштита и спасување денеска од Амбасадата на Соединетите Американски Држави ќе прими донација - опрема за справување со последици од поплави.
-
Македонија 26.01.2017 16:56
Метео: Ниски утрински температури, дневните во благ пораст
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Во претпладневните часови по одделни котлини е можна појава на магла и ниска облачност.
Утрото ќе биде студено со многу ниски утрински температури, додека дневните во делови од земјава ќе бележат благ пораст.
-
Македонија 26.01.2017 16:35
Преполовен бројот на заболени од грип
Се преполови бројот на заболени од грип, а за три пати се намали бројот на болни деца на возраст од 14 години- покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 26.01.2017 16:01
Пензионери оштетени од приватните пензиски фондови
Тројца граѓани ќе ги бараат своите права пред судовите, зашто се оштетени по однос на пресметаниот износ за исплата на пензиите. Откако се фрапирале од нискиот износ на пензиите што треба да ги примаат, тие се пожалиле до Народниот правобранител.
-
Македонија 26.01.2017 15:32
Сеќавање на жртвите од холокаустот: Да не се заборави и да се извлечат поуки
„Го помнам логорот. Пред моите очи повторно ја видов машината на смртта, чиj крај не може да се види од хоризонтот.
-
Македонија 26.01.2017 15:14
Проекти за подобрување на студентскиот стандард
Се менува сликата во студентските домови. Наскоро почнува реконструкцијата и на последните два блока во „Гоце Делчев“, најавија од Министерството за образование. Со 180 милиони денари ќе се заменат вратите, прозорците, подовите, електричната и водоводната инсталација, системот за парно греење.
-
Македонија 26.01.2017 14:55
Европската погранична стража ќе се справува со мигрантите и во Македонија и во Србија
Македонија и Србија се единствените земји-аспиранти за Европската унија во кои Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ќе ја спречува илегалната миграција. Договорот на статус за приоритетна оперативна соработка беше усвоен во ноември.
-
Македонија 26.01.2017 14:51
Жбогар: Патот до почист воздух е во рацете на секој граѓанин
Да се воведе сообраќаен режим пар- непар, државните и јавните институции за 50 проценти да го намалат користењето на сужбените автомобили. Ова се дел од мерките кои ги предлагаат од Министерството за животна средина и просторно планирање за подобрување на квалитетот на воздухот.










