Очите на светот вперени кон Вашингтон за инаугурацијата на Доналд Трамп, 45-от претседател на Соединетите Американски Држави. Трамп најави дека новата администрација во Белата Куќа ќе прави работи што со децении не биле правени за земјата, вети единство и обединување.
-
Македонија 20.01.2017 16:00
-
Македонија 20.01.2017 15:56
Почна пријавувањето за бања и бесплатен викенд за пензионери
Почна пријавувањето за бесплатна бања и бесплатен викенд за пензионери. До 20- ти февруари заинтересираните ќе можат да поднесат барање за користење на една од услугите во некоја од подружниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
-
Македонија 20.01.2017 14:51
Јолевски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп
Министерот за одбрана Зоран Јолевски од денеска е во приватна посета на Вашингтон, САД, при што ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
-
Македонија 20.01.2017 14:08
Почна пријавувањето за бања и бесплатен викенд за пензионери
Шеста година по ред пензионерите ќе можат да се рекрерираат во бања на сметка на државата. Изминативе години над 37 илјади пензионери ја искористиле поволноста. Од лани 4.470 корисници на пензија биле на бесплатен викенд.
-
Македонија 20.01.2017 14:02
ФЗОМ: Се зголемува потрошувачката и достапноста на лековите
Се зголемува потрошувачката и достапноста на лековите- покажува годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување. Најбарани во аптеките се оние за кардиоваскуларни заболувања, за проблеми со респираторниот и со нервниот систем.
-
Македонија 20.01.2017 13:02
МНР бара корекција на именувањето на Република Македонија од државните органи на Србија
Министерството за надворешни работи по дипломатски пат побара итна корекција на именувањето на Република Македонија како БЈРМ на патарините во Србија.
-
Македонија 20.01.2017 11:24
Шеста ротација на словачки полицајци на јужната граница
В понеделник во земјава пристигнуваат 25 припадници на полицијата на Словачка во рамки на шестата ротација. Ќе бидат распоредени во областа на Битола и Меџитлија со мандат на мисијата од 30 дена и можност за продолжување.
-
Македонија 20.01.2017 10:48
Сообраќајот на патиштата тековно по зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
-
Македонија 20.01.2017 10:45
УХМР: Постепена стабилизација на времето
Времето денеска променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Највисоката температура ќе биде во интервал од нулата до 4 степени. Викендот се очекува стабилизација, со утринска температура под нулата.
-
Македонија 20.01.2017 10:33
Во Скопје синоќа фрлени 60 тони сол
Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, на критичните места и на сите булевари и улици кои се во нивна надлежност.










