Бадник - 6 јануари 2017 година (петок) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството, воедно им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.
Бадник - 6 јануари 2017 година (петок) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството, воедно им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.
Времето за новогодишната ноќ ќе биде вредно и студено со слаб до умерен северен ветер со температура од -10 до -2 степени.
Во пожарот што избувна денеска околу девет часот во центарот на Скопје, зад „Дрводекор“ изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.
За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од првото полугодие на 2016/2017 година. Зимскиот распуст ќе трае до 18 јануари 2017 кога ќе продолжи наставата.
Пожар избувна претпладнево во барака спроти „Дрводекор“ во Скопје.
Во тек е интервенција на екипи на противпожарната служба на Град Скопје за гаснење на пожарот.
Од противпожарната служба информираат дека во гаснењето на пожарот се вклучени осум возила.
Сообраќајот низ државата се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Крива Паланка, Маврово и на планинскиот премин Ѓавато, а во источна Македонија дува засилен северен ветер.
Со верификација на мандатите на новоизбраните пратеници денеска треба да биде верификуван деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. Според последните измени на Деловникот, со седницата треба да претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски.
Во Собранието координација на претставниците на политичките партии за конститутивна седница. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека за нив нема дилема дека треба да ја води Трајко Вељаноски, како поранешен претседател на Собранието, бидејки, како што рече тој, тоа го предвидува Деловникот.
ВМРО-ДПМНЕ се согласува со ставот на претседателот Иванов дека е недозволиво за политички или за лични цели некој во недостаток на реална програма да тргува со националните интереси за своја корист.
Дете се бори за живот на детската клиника поради компликациите кои му ги предизвика грипот. Вчера билo хоспитализирано. Доктор Софијанова вели вирусот се шири, а последниве денови се забележуваат случаи каде што го напаѓа централниот нервен систем.