Опрема во вредност од 22 илјади евра доби Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Донацијата е од приватна компанија од Полска која се занимава со производство на воена опрема. Донирани се материјално- технички средства наменети за спасување од поплави.
-
Македонија 29.12.2016 12:56
-
Македонија 29.12.2016 12:46
Иванов: Нема да се согласам Македонија да биде бинационална и федерална држава
Европската Унија да престане да ја блокира нашата иднина, неодговорното однесување на НАТО и ЕУ кон Македонија се одрази на внатрешната политика, се загуби реформскиот моментум, се затегнаа односите- посочи претседателот Иванов во годишното обраќање.
-
Македонија 29.12.2016 11:12
Учениците на настава уште утре, зимскиот распуст до 18 јануари
За учениците утре е последниот училишен ден во првото полугодие од 2016/2017 година. Окoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци, ќе бидат на зимски распуст и во клупите ќе се вратат на 18 јануари 2017.
-
Македонија 29.12.2016 10:08
Четири мерки за поддршка на градинарството
Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари имаат право на субвенција од 30.000, а за лубеници и за дињи 6.000 денари по хектар.
-
Македонија 29.12.2016 08:06
Снег во Маврово, Крива Паланка и Ѓавато
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Маврово, Крива Паланка и на планинскиот премин Ѓавато, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 29.12.2016 08:03
Годишно обраќање на претседателот Иванов
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 11 часот ќе го одржи своето годишно обраќање, соопшти неговиот кабинет.
-
Македонија 29.12.2016 07:57
Во петок конститутивна седница на новиот собраниски состав
Конститутивната седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија ќе се одржи задутре, на 30 декември, во 13 часот. Седницата ја закажа и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски.
-
Македонија 28.12.2016 16:30
Промовиран водич за санација на почвата по поплавите
Науката ќе им помага на земјоделците полесно да се справат со последиците од климатските промени, но и со проблемите што ги предизвикаа поплавите годинава во Скопско. Промовиран е првиот прирачник за санација на почвата во поплавените подрачја.
-
Македонија 28.12.2016 15:55
Новите пратеници добија уверенија
Државната изборна комисија им ги врачи уверенијата на претставниците на коалициите и на политичките партии кои освоија пратенички мандати на предвремените парламентарни избори.
-
Македонија 28.12.2016 15:42
Рапидно се зголемува бројот на заболени од грип
За еден месец, речиси осум илјади граѓани заболеле од грип. Лекарите очекуваат бројот постојано да расте, Комисијата за заштита од заразни болести со препораки за да се спречи ширењето на грипот. Порачаа редовна дезинфекција на детските градинките и на училиштата додека трае сезоната на грип.









