Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2017 година ја почнува со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 26 милијарди и 947 милиони денари.
-
Македонија 04.01.2017 14:51
-
Македонија 04.01.2017 13:43
Пронајдена мртва жена во Вардар
Женско лице на возраст од 60 до 70 години е пронајдено вчера во 12:55 часот во грмушки на десниот брег од реката Вардар.
Екипа на Противпожарната заштита го извадила телото, а Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирала смрт.
-
Македонија 04.01.2017 13:21
Адвокатурата како семејна традиција
Од татко на син веќе половина век битолското семејство Главинче ја пренесува адвокатската дејност. Никола е третото колено. Млад адвокат и да се биде внук на Сотир Главинче не е привилегија, туку обврска.
-
Македонија 04.01.2017 13:07
ДКСК ги одби приговорите на СДСМ и на еден граѓанин
Државната комисија за спречување на корупција на јавна седница едногласно ги одби четирите приговори на СДСМ и на еден граѓанин што се однесуваа на вработувања во ад Македонски пошти, во Агенцијата за вработување, во Националната установа Театар за деца и младинци и во Министерството за правда.
-
Македонија 04.01.2017 12:54
Утре студено со врнежи од снег и засилен ветер
Од утре значителна промена на времето. Студено со врнежи од снег и засилен ветер. Поизобилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Ќе врне снег и во петок. На планините снежната покривка ќе достигне и до 50 сантиметри, велат од УХМР.
-
Македонија 04.01.2017 12:09
Град Скопје: Фрлени 103 тони сол на градските улици и булевари
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатита ноќ фрлија 103 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.
-
Македонија 04.01.2017 10:47
Пратениците треба да достават анкетни листови до Антикорупциска
Новите 120 народни избраници, како и пратениците од претходниот состав на Собранието, до 30-ти јануари треба да поднесат анкетен лист и изјава за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата.
-
Македонија 04.01.2017 08:30
Најмногу снег во Маврово и Лазарополе
Највисока снежна покривка од 15 сантиметри, изутринава во осум часот е измерена во Маврово, девет сантиметри снег има во Лазарополе, седум во Дебар, четири во Тетово, три во Пожаране, а еден сантиметар во Берово, Крушево и Виница.
-
Македонија 04.01.2017 08:24
Јавна седница на ДКСК
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи јавна седница.
-
Македонија 04.01.2017 08:17
Сообраќајот без застои, слаб снег на неколку патни правци
Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани по влажни коловози. Слаб снег врне во Кочани, Делчево, Берово, Крива Паланка, Страцин, Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово, Стража, Железнец, Пресека и Буково, кој не се задржува на коловозот.









