Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 1 јануари 2017 година (недела), Нова Година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
-
Македонија 26.12.2016 12:39
-
Македонија 26.12.2016 12:25
Метео: Променливо облачно со сончеви периоди
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Попладне и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за повремени слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места можно е провејување на слб снег.
-
Македонија 26.12.2016 11:57
Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег во Берово, Делчево, Прилеп и на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Слаб снег провејува во Берово, Делчево, Прилеп и на Плетвар, кој не се задржува на коловозот, информираат од „Македонија Пат“.
-
Македонија 26.12.2016 11:54
По прегласувањето во Теарце, нема промена во распределбата на мандатите
Ништо ново по прегласувањето во Теарце на избирачкото место 2011. ВМРО-ДПМНЕ останува со 51 освоени мандати, СДСМ со 49, ДУИ 10, БЕСА 5, Алијансата на албанците освои 3 пратенички мандати и ДПА 2.
-
Македонија 26.12.2016 11:42
Конститутивната седница на Собранието откако ДИК ќе го достави извештајот за резултатите
Конститутивната седница на новиот состав на Парламентот ќе биде закажана откако Државната изборна комисија ќе го достави извештајот за резултатите од предвремените парламентарни избори и освоените мандати, информираат од кабинетот на спикерот Вељаноски.
-
Македонија 26.12.2016 11:00
Преведени богослужбени старословенски книги
МПЦ оди чекор напред во активното проповедање на словото божјо и во унапредувањето на мисијата на нашата света црква. Во битолскиот храм „Св. Богородица“ промовирани 18 тома преводи на современ македонски јазик од старословенски на богослужбените книги– минеите преведени од проф.
-
Македонија 26.12.2016 10:42
ВМРО-ДПМНЕ: Посветени на идните чекори за формирање влада
По прегласувањето на едно изборно место во Теарце, се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението до медиумите се наведува дека за ВМРО-ДПМНЕ изборите завршија на 11-ти декември.
-
Македонија 26.12.2016 10:40
Шилегов: Теарчани гласаа за промени
Граѓаните на Теарце гласаа за промени и за живот во Македонија, рече носителот на листата од коалицијата предводена од СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов. Вели дека прегласувањето било симболично, и е уверен оти ќе успеат да формираат парламентарно мнозинство.
-
Македонија 26.12.2016 10:22
Засечени бадниковите гранчиња на Водно
Бадниковото гранче нека донесе здравје, среќа и радост во секој дом порачаа новиот кум Радко Манов и здравичарот Љубиша Николиќ.
-
Македонија 26.12.2016 10:15
Состанок за загадувањето на воздухот во Скопскиот регион
Градоначалниците денеска ќе разговараат за загадувањето на амбиенталниот воздух во скопскиот регион. Средбата е на покана на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.










