Државната изборна комисија на полноќ ги соопшти првичните резултати од прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце, според кои нема промена во освоените пратенички мандати во шестата изборна единица.
-
Македонија 26.12.2016 07:35
-
Македонија 25.12.2016 23:03
ДИК: Во Теарце излезеноста на денешното гласање 56,30 проценти
На денешното прегласување на избирачкото место 2011 во Теарце од запишани 714 гласачи во Избирачкиот список гласале 402, односно излезеноста е 56,30 проценти.
-
Македонија 24.12.2016 10:31
Католиците и дел од православните вечер слават Бадник, утре Божик
Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.
-
Македонија 24.12.2016 10:26
Утрово најстудено во Берово
Најстудено утрово беше во Берово каде се измерени -11 степени, -8 се регистрирани во Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, Крива Паланка, -7 во Тетово, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Виница, Дебар и Ѓуриште, -5 во Куманово, Прилеп и Маврово, -3 во Претор, Пожаране и Лазарополе, -2 во Охрид
-
Македонија 24.12.2016 10:25
Изборен молк пред прегласувањето во Теарце
На полноќ почна изборниот молк во пресрет на повторувањето на гласањето утре во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените паралемнтарни избори.
-
Македонија 23.12.2016 15:37
Почна предновогодишната еуфорија
Македонците новогодишната ноќ може да ја дочекаат во Букурешт или Атина за 100 евра. На една недела од Новата година, има интерес за новогодишните аранжмани, велат од туристичките агенции. Најбарани дестинации се традиционалните европски метрополи Париз, Прага, Виена.
-
Македонија 23.12.2016 15:12
Метео: За викендот сончево, температура до 13 степени
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево време со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 13 степени.
-
Македонија 23.12.2016 15:03
СДСМ потсети на декемвриските случувања во 2012-та година во Собранието
Ден пред изборниот молк, СДСМ и коалицијата потсетија на 24-ти декември и на случувањата во законодавниот дом во 2012-та година. Заев рече дека ќе практикуваат демократска и праведна власт, при носењето на буџетот ќе има јавна дебата со претставници на опозицијата.
-
Македонија 23.12.2016 14:40
За прегласувањето во Теарце избирачкото ливче останува исто
714 граѓани запишани во избирачкиот список за гласачкото место 2011 ќе можат да го остварат своето избирачко право на прегласувањето в недела. Гласачкото ливче и изводот од избирачкиот список ќе бидат исти како и на гласањето на 11 декември, потврдуваат од ДИК.
-
Македонија 23.12.2016 14:10
Зголемен бројот на пациенти на Пулмологија поради аерозагадувањето
Променливото време, маглата помешана со смог и отровните члестички, ја преполни клиниката за пулмологија. Од ваквото време најмногу страдаат хронично болните од белодробни заболувања. Граѓаните велат, тешко се дише.









