Зголемена е смртноста од аерозагадувањето. Од 1.000 до 1.200 смртни случаи има на годишно ниво. Акутни и хронични се последиците од загадениот воздух. Болниците се преполни со пациенти. Смртноста кај хроничноболните е сѐ поголема.
-
Македонија 22.12.2016 15:25
-
Македонија 22.12.2016 15:18
ЕУ очекува мирно завршување на изборниот процес и да се формира Влада
Европската унија очекува сите партии да учествуваат на мирен начин на прегласувањето, за да заврши изборниот процес и да се формира новиот парламент и да се избере влада, изјави портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич.
-
Македонија 22.12.2016 14:39
Кампања за мирни и безбедни Новогодишни и Божикни празници
Ова е само презентација, што може да ви се случи кога би запалиле петарда. Децата често пројавуваат желба да го сторат тоа, притоа незнаејќи ги последиците од неа.
-
Македонија 22.12.2016 14:31
Врховен и Кривичен суд со нови претседатели по празниците
После вонредното оценување на кандидатите за претседатели, Советот ќе треба да го испочитува рокот од осум дена за жалба. Претседателот на Судскиот совет, Караџовски посочи дека оценувањето е тајно, и секој кандидат ја добива својата оценка во плико.
-
Македонија 22.12.2016 14:07
Метео: Сончево и стабилно, благ пораст на температурите
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Сончевото и стабилно време со мала облачност и со благ пораст на температурите продолжува и за време на викендот.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 22.12.2016 13:36
Левентис: Македонија е грчка
„Македонија е една и грчка“, изјави лидерот на грчката партија Унија на центристи, Василис Левентис. Според него, не смее да се дозволи името „Нова Македонија“ да стане дел од договорот меѓу Грција и Македонија.
-
Македонија 22.12.2016 12:37
Зголемена смртност од аерозагадувањето
Зголемена е смртноста од аерозагадувањето, од 1.000 до 1.200 смртни случаи има на годишно ниво велат од Институтот за јавно здравје. Македонија ја има петтата најголема стапка на смртност во Европа од загадување на воздухот од ситни честички ПМ 10.
-
Македонија 22.12.2016 12:19
ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже за да го одложи рочиштето за случајот „Поткуп“
Зоран Заев, под целосна материјална и морална одговорност, го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, со цел да го одложи рочиштето за случајот „Поткуп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 22.12.2016 12:01
Судски совет: Вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховен и на Кривичен суд
Во Судски совет на затворена седница за јавноста вонредно оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот, на Скопскиот кривичен, на Основниот суд во Тетово и на Апелацискиот во Штип.
-
Македонија 22.12.2016 10:59
Градот Скопје ќе ги донира средствата планирани за дочекот на Новата година
Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува од дочекот на Новата 2017-та година што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“. Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во изност од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели.










