Управниот суд ја уважи тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ против решението на Државната изборна комисија УП 1 бр.10-488 од 18-ти месецов и го поништи гласањето на гласачкото место број 2011 во општина Теарце во Изборната единица 6.
-
Македонија 20.12.2016 18:09
-
Македонија 20.12.2016 15:39
Одложено рочиштето за „Поткуп“, обвинителот не е изземен
Со решение на јавниот обвинител Златко Биковски, Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција го одби барањето на одбраната на претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев за изземање на обвинителот Владимир Милошевски, кој го води случајот „Поткуп“.
-
Македонија 20.12.2016 15:19
Потреба од повеќе згрижувачки семејства
Омилените ликови од цртаните филмови донесоа радост во СОС Детското село. Дополнително 60- тината жители што се сместени овде, добија пакетчиња од Дедо Мраз. Иако не се со нивните биолошки мајки, СОС мајките се трудат тие да имаат убаво детство.
-
Македонија 20.12.2016 15:00
Метео: Дневна температура до 9 степени
Првиот календарски зимски ден ќе ни донесе сончево време со слаб ветер од северен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Дневната температура ќе достигне до 9 степени.
Сончевото време продолжува и во наредните денови со постепен пораст на температурите.
-
Македонија 20.12.2016 14:21
Управниот суд решава по тужбите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Управниот суд на јавна седница во три посебни совета од петмина судии ги разгледуваше двете тужби на СДСМ и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките на Државната изборна комисија.
-
Македонија 20.12.2016 13:34
СДСМ: Управниот суд одлучувал без претставник на партијата
Социјалдемократите реагираат за седницата на Управниот суд, на која се одлучуваше по тужбата за гласањето на едно избирачко место во Теарце.
-
Македонија 20.12.2016 13:29
Сочувство од Иванов до Путин и Гаук
Македонскиот претседателот, Ѓорге Иванов, упати телеграма со сочувство до рускиот претседател, Владимир Путин, по повод атентатот врз рускиот амбасадор во Турција, како и телеграма со сочувство до претседателот на Германија, Јоахим Гаук, по повод терористичкиот напад во Берлин.
-
Македонија 20.12.2016 12:53
Одбраната на Заев бара изземање на обвинителот од случајот „Поткуп“
Адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ, Зоран Заев побара изземање на јавниот обвинител во случајот „Поткуп“, што продолжи денеска во Кривичниот суд во Скопје.
-
Македонија 20.12.2016 12:50
Католички Божик, 25-ти декември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
Недела, 25 декември, првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална.
Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честитаат празникот Божик.
-
Македонија 20.12.2016 12:15
Еден загинат и двајца поврдени во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје
Едно лице загина, а двајца се поврдени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 40 минути по полно на автопатот Велес - Скопје пред населбата Отовица.










