Со бранител и јавно пред медиумите, како што побара самиот, судијата Иван Џолев даде изјава пред Комисијата на советот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија.
-
Македонија 19.12.2016 15:11
-
Македонија 19.12.2016 14:58
Метео: Сончево со слаб северен ветер
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со слаб северен ветер.
По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок ќе преовладува сончево стабилно и суво време.
-
Македонија 19.12.2016 14:43
Прилеп го слави Свети Никола
Посна трпеза, многу благослови, долга традиција. Прилепчани го слават светецот заштитник, патронот на градот - Свети Никола. Ова е логична традиција - на половината прилепчани им е домашна слава, а другите им одат на гости.
-
Македонија 19.12.2016 14:24
Управниот суд одлучува по тужбите од партиите
Пред советот од петмина управни судии на маса се петте тужби поднесени од политичките партии кои се незадоволни од решенијата на Државната изборна комисија. Четири тужби поднесе Социјал- демократскиот сојуз на Македонија, а една е од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 19.12.2016 14:15
ЕК: ДИК и судовите да работат непречено, без притисок и политичко влијание
Официјален Брисел бара Државната изборна комисија и судовите да се остават да работат непречено, без притисок и политичко влијание. Овој став го пренесе портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
-
Македонија 19.12.2016 13:08
Управниот суд во рок од 48 часа треба да одлучи по тужбите на политички партии за изборите
Откако Државната изборна комисија ги разгледа сите приговори, на потег сега е Управниот суд. Тече 48-часовниот рок за одлучување по тужбите поднесени од политички партии. Пет судии избрани со ждрепка, на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите.
-
Македонија 19.12.2016 12:49
Средба Заев- Бејли
Во седиштето на СДСМ, средба на лидерот на партијата Заев и американскиот амбасадор во змејава Бејли. Мнозинството граѓани во Македонија избра промени на парламентарните избори и нивната волја мора да биде почитувана, стои во дописот од партијата.
-
Македонија 19.12.2016 12:18
Истекува рокот за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016-та година
Од Кабинетот на претседателот Иванов потсетуваат дека на крајот на месецов истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“.
-
Македонија 19.12.2016 11:28
Зголемен бројот на болни деца
Кај бебиња oд неколку месеци се дијагностицираат бронхитис и други респираторни инфекции. Институтот за белодробни заболувања „Козле“ е исполнет до последното место. Болнички се лекуваат 150 деца. Мајките остануваат со нив по 10-тина дена и повеќе.
-
Македонија 19.12.2016 10:55
УХМР: Од средината на неделава врнежи од дожд и снег
Денеска во Македонија ќе биде сончево и ведро. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде под нулата, а дневната ќе се движи од 4 до 9 степени.










