Повторно е одложено судското рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во судницата на рочиштето се појави Заев, но не дојдоа тројцата негови адвокати. За следното рочиште, судијката одреди два датуми, 2-ри и 20-ти декември.
-
Македонија 22.11.2016 11:41
-
Македонија 22.11.2016 10:22
Привремен сообраќаен режим oд Неготино до Демир Капија
Поради градежни активности на автопатот А1 на Коридорот 10, од денеска ќе биде воспоставен привремен сообраќаен режим од клучката Неготино до клучката Демир Капија, соопшти ЈП Македонија пат.
Сообраќајот ќе се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.
-
Македонија 22.11.2016 10:15
Втор ден предизборна кампања
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи денеска ќе одржи во Ресен и во Струга.
СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред граѓаните на Драчево, Кисела Вода и Аеродром.
-
Македонија 22.11.2016 10:00
Иванов во Софија на средби со Плевнелиев и Радев
Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе оствари средби со неговиот бугарски колега, Росен Плевнелиев и со новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев.
-
Македонија 22.11.2016 09:53
Магла во скопската и полошката котлина, најзагадено во Центар
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло со мала локална облачност како и со слаб југоисточен ветер, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо и постудено.
-
Македонија 21.11.2016 15:53
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ја промовираа програмата „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“
Граѓаните на 11-ти декември ќе гласаат за суверенистичката и унитаристичката политичка опција во Македонија, а не за бинационална држава, поделена и редефинирана, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на новата програма „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ на влад
-
Македонија 21.11.2016 15:39
ДУИ на конвенција во Скопје ги претстави кандидатите за парламентарните избори
Демократска унија за интеграција на конвенција во Скопје ги претстави листите на кандидатите за пратеници и носителите. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е носител во шестата изборна единица.
-
Македонија 21.11.2016 15:31
„ВМРО за Македонија“ ја почна кампањата пред Споменикот на бранителите
Има алтернатива за битката што ја водат големите партии која е недостоинствена и никаде не се гледа интересот на Македонија, порачуваат од коалицијата „ВМРО за Македонија“.
-
Македонија 21.11.2016 15:26
Продолжува работата на Комисијата за следење на изборни нерегуларности
Продолжува работата на комисија за следење на изборни нерегуларности која беше формирана од јавниот обвинител на Република Македонија во март 2016-та година.
-
Македонија 21.11.2016 15:22
Заев пред младите ја презентира програмата „План за живот во Македонија“
Секој сегмент од програмата „План за живот во Македонија“ има свој препознатлив дел што е посветен на младите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.









