Немам причини да не верувам, дека изборите ќе бидат според правилата, дека ќе бидат демократски, транспарентни. Ќе има, се разбира, различни интереси. Не може преку ноќ да се премине преку разликите кои постојат во македонското општетство меѓу политичките партии.
-
Македонија 24.11.2016 13:16
-
Македонија 24.11.2016 12:27
Македонија мора поорганизирано да се справува со еколошкиот криминал
Еколошкиот креминал најзастапен и највпечатлив е во илегалната сеча на шумите, криволовството и прекуграничниот транспорт на отпад. Најчесто се организиран банди кој за да остварат дебел профит последниве години посегнаа и по три човечки животи.
-
Македонија 24.11.2016 11:36
ДИК: Бројот за пријавување изборни нерегуларности не функционира поради технички проблеми
Телефонскиот број 0800 555 44 на кој што може да се пријавуваат изборни нерегуларности не функционира поради технички проблеми, потврдија од Државната изборна комисија.
-
Македонија 24.11.2016 10:35
Вработените во „Југохром“ на протест во Скопје
Синдикатот на вработените во „Југохром“ на нов мирен протест, овојпат пред Судската палата во Скопје. Работниците ќе протестираат против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на комбинатот од Јегуновце.
-
Македонија 24.11.2016 10:29
Полкот за специјални операции ќе изведе вежби на „Криволак“
На армискиот полигон „Криволак“, Полкот за специјални операции ќе изведе вежбовни активности со кои ќе биде презентирана врвната обученост на популарните Волци и Ренџери.
-
Македонија 24.11.2016 10:20
Продолжува претставувањето на политичките партии
Продолжува предизборната кампања. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи ќе одржи во скопските општини Аеродром и Карпош.
СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред жителите на Гостивар и Тетово.
-
Македонија 24.11.2016 10:06
Аеродромот „Александар Велики“ отворен и функционира нормално
Авионот на „Туркиш Ерлајнс“ кој привремено беше задржан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, по извршените безбедносни проверки, синоќа околу 23 часот полетал за Истанбул.
-
Македонија 23.11.2016 16:24
Аерозагадување: Да се користат заштитни маски и антиоксиданси
Аерозагадувањето стана хроничен проблем на Скопје. Надлежните го вклучија алармот. Маглата се врати, а со неa и смогот и отровните честички. Измешан со грипот тој може да има катастрофални последици по човечкото здравје, велат лекарите. Расте бројот на пациенти на Клиниката за пулмологија.
-
Македонија 23.11.2016 16:10
Судски совет: Вонредно оценување на кандидатите за претседатели на судовите
На затворена седница поради како што рекоа избегнување на нарушување на угледот на некои судии, Судскиот совет расправаше за последните случувања во најголемиот Кривичен суд во земјава.
-
Македонија 23.11.2016 16:09
Ременски: Починати лица од Тетово земале социјална помош
Починати лица од Тетово продолжиле да земаат социјална помош. Нивните семејства на ваков начин го оштетиле буџетот за 30 илјади евра. Ресорното министерство открило дека оваа злопупотреба се случувала во текот на годинава.









