Специјалното јавно обвинителство се соочува со сериозни проблеми во својата работа, велат од Коалицијата за промени и правда. Додаваат дека има спречување на правдината во Република Македонија бидејќи, според нив, сите институции што се под контрола на власта не соработуваат со СЈО.
-
Македонија 22.11.2016 16:07
-
Македонија 22.11.2016 15:54
Груевски: Стабилно мнозинство со 63 пратеници- гаранција дека црните сценарија нема да успеат
11-ти декември ќе биде референдум на кој народот ќе покаже чија е оваа држава.
-
Македонија 22.11.2016 15:52
Заев: Обичниот човек ни е во фокус, имаме план за живот во Македонија
Под мотото „План за живот во Македонија“ коалицијата предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија го започна својот предизборен караван. Опозицијата стартот го имаше со митинг во Прилеп. На 11-ти декември носиме одлука во каква Македонија сакаме да живееме- беше речено на митингот.
-
Македонија 22.11.2016 15:50
Тачи: Разрешување на кризата и забрзување на евро-атланските интеграции
Во своето обраќање пред симпатизерите и членовите претседателот на Демокартската партија на Албанците, Мендух Тачи ја претстави програмата, пренесувајќи ја како што рече, понудата, за разрешување на внатрешната криза и за забрзување на евроатланските интеграции на земјата.
-
Македонија 22.11.2016 15:02
Град Скопје со препораки до граѓаните поради аерозагаденоста
Граѓаните да користат јавен превоз, да го сведат своето движење на отворен простор на неопходни излегувања, малите деца, бремените, хронично болнните и постарите да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува. Ова се дел од препораките што Градот Скопје денеск
-
Македонија 22.11.2016 14:46
Отворена музејската поставка „Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“
Воено- хронолошка, но пред сѐ интересна изложба во која се проткаени 16 панорамски серии или 150 фотографии од Македонскиот фронт, сопственост на Италијанскиот Генералштаб, подарок за Министерството за одбрана. Пробивот на линијата одбележан низ битките во дојранско и најмногу во битолско.
-
Македонија 22.11.2016 14:35
Иванов: Договорот за добрососедство по изборите во Македонија и Бугарија
На нас политичарите е да ги отвориме вратите и да ги затвориме работите од минатото кои натежнуваат над Македонија и Бугарија- изјави претседателот Иванов по средбите со Плевнелиев и Радев.
-
Македонија 22.11.2016 14:20
Метео: Продолжува периодот на сончево време
Продолжува периодот на сончево и релативно топло време, а по одделни котлини магливо и постудено.
Во петок и во текот на ноќта кон сабота ќе настапи зголемување на облачноста проследно со локални врнежи од дожд.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 22.11.2016 13:01
Иванов во Софија на средби со Плевнелиев и Радев
Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов во Софија на одвоени средби со неговиот бугарски колега Плевнелиев и со новоизбраниот претседател Радев.
Било разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.
-
Македонија 22.11.2016 11:47
Попоски се сретна со делегацијата на ПССЕ
Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари средба со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за проценка на изборната кампања и политичката состојба во Република Македонија во пресрет на предвремени










