Вонредните парламентарни избори закажани за 11-ти декември ќе ги мониторираат 14 експерти од набљудувачката мисија на ОБСЕ, 20 долгорочни, кои ќе бидат распоредени низ целата земја од 9-ти ноември и 300 краткорочни монитори кои се очекува да пристигнат една недела пред изборите.
-
Македонија 03.11.2016 17:04
-
Македонија 03.11.2016 16:50
МВР со три прекршочни пријави за Спасов
Напуштање на местото на сообраќајната незгода, не постапувањето по наредбата на полицаец и не приспособувањето на брзината на движење, три прекршочни пријави МВР му поднесе на дополнителниот заменик- министер за труд и социјална политика Спасов.
-
Македонија 03.11.2016 16:03
Истражување: Голем број граѓани не веруваат во тајно гласање
Камери во пенкала, бележани гласачки ливчиња, „бугарски возови“, третина од испитаниците на Македонскиот центар за европско образование веруваат дека не можат тајно да гласаат.
-
Македонија 03.11.2016 15:45
Мигрантска криза: Да се почитуваат човековите права
Мигрантската криза предизвикана од бегалскиот бран го стави на вистински тест почитувањето на фундаменталните човекови права.
-
Македонија 03.11.2016 15:38
Судија тужи судија
Стигна кривичната пријава од судијата Иван Џолев во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдија од Јавното обвинителство.
-
Македонија 03.11.2016 15:32
Случај „Трезор“: Екс директорот на УБК на распит
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков помина два часа на распит кај судија на претходна постапка. Осомничен е во случајот „Трезор“. Дали дал исказ пред судијата не е познато. Тој си замина по распитот преку службениот излез на судот во присуство на бранителот Никола Додевски.
-
Македонија 03.11.2016 15:13
АХВ: Децата не смееле да пијат енергетски пијалок
Непочитувањето на предупредувањето кое е наведено во означувањето дека енергетскиот пијалок не смее да го пијат лица под 18 години е причина за влошувањето на здравствената состојба на тројцата малолетници од Скопје.
-
Македонија 03.11.2016 14:55
Метео: Утре слаб локален дожд
Во текот на утрешниот ден во утринските и претпладневните часови на места ќе има појава на слаб локален дожд.
Попладне ќе преовладува променливо облачно време со слаб ветер од променлив правец.
-
Македонија 03.11.2016 14:53
До ДИК досега пријавени 214 гласачи со спорни записи
До денеска до 14 часот 214 граѓани, од вкупно 29.858 чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти, побарале запишување во Избирачкиот список, информира Државната изборна комисија.
-
Македонија 03.11.2016 13:20
Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Кичево
Синоќа тешка сообраќајка на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај село Букојчани. Загинаа три лица, а уште две се повредени. Според информациите, автомобил „Форд Ескорт“ удрил во трактор со приколка натоварена со дрва.










