Државната изборна комисија ќе прави дополнителен попис на изборниот материјал за избирачките места што се чува во магацин во касарната Илинден. Засега сѐ уште не е познато кој ќе ја сочинува комисијата, дали ќе биде составена од членовите на ДИК или пак, ќе бидат вклучени и други лица.
-
Македонија 28.10.2016 16:50
-
Македонија 28.10.2016 16:00
Тутун: Квалитетната реколта најавува добра откупна цена
Тежок е за работа, целото семејство е ангажирано и зависи од временските прилики. Но на македонските тутунари годинава им се погоди. Имаат помала, но квалитетна реколта.
-
Македонија 28.10.2016 15:48
Метео: За викендот стабилно и ветровито со постудени утра
Претстојниот викенд во Македонија ќе донесе сончево стабилно и ветровито време со постудени утра и негативни утрински температури речиси насекаде низ земјава.
Максималните дневни во текот на утрешниот ден ќе достигнат до 20, а во недела до 18 степени.
-
Македонија 28.10.2016 15:25
Неопходна терапија за пациенти со ретки карциноми
Животот на Драги бил во неизвесност пред една година, денот кога лекарите му дијагностицирале редок вид карцином на коскената срцевина. Пари за лекување немал, бидејќи една терапија достигнува и до 1.000 евра. Но, вели имал среќа, австриска компанија помогнала во лекувањето.
-
Македонија 28.10.2016 15:17
МОСТ ќе ги следи изборите со 3.300 набљудувачи
Во предизборието Граѓанската асоцијација МОСТ распореди 80 набљудувачи за следење на активностите на партиите, на државните институции и на изборните органи. За време на изборите, пак, ќе бидат вклучени 3.300 набљудувачи, вели првиот човек на асоцијацијата, Дарко Алексов.
-
Македонија 28.10.2016 15:01
Министерката Канческа-Милевска на распит за случајот „Тендери“
Повеќе од два часа во скопскиот Кривичен суд министерката за култура Елизабета Канческа Милевска даваше исказ кај судија на претходна постапка. Ова е политички театар на СДСМ кој го спроведува СЈО.
-
Македонија 28.10.2016 14:54
И покрај сиромаштијата, огромна количина храна завршува в ѓубре
Да се забрани фрлањето храна и да се воведе задолжителна редистрибуција до оние на кои им е најпотребна. Ова се дел од мерките содржани во законот кој е во подготовка. Иницијатор е граѓанскиот сектор, а е според примерот на Франција.
-
Македонија 28.10.2016 14:52
Иванов- Николиќ: Пријателски односи меѓу Македонија и Србија
Работната посета на претседателот Ѓорѓе Иванов на Србија e по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што во недела ќе се одржи во Панчево.
-
Македонија 28.10.2016 12:49
Снег на Попова Шапка
Изутрината Попова Шапка осамна под бела покривка. Скијачкиот центар, хотелите и патеките се покриени со снег од 3 до 4 сантиметри.
На повисоките планини во Македонија над 1.800 метри има снег, велат во УХМР.
-
Македонија 28.10.2016 12:44
Канческа- Милевска: Политички театар во сценарио на СДСМ и СЈО
Министерката Канческа- Милевска се појави пред судија на претходна постапка за случајот „Тендери“, истражна активност на Специјалното јавно обвинителство. Ова е театар во сценарио на СДСМ и СЈО, изјави Канческа- Милевска.










